11 нешта за кои треба да си простите уште денес

11 нешта за кои треба да си простите уште денес

Да простиме некому може да биде голем предизвик, особено ако таа личност навистина нѐ повредила, но тоа што може да биде уште поголем предизвик е да најдеме храброст да си простиме себеси. Простувањето е еден редок дар кој треба внимателно да се чува и негува, бидејќи преку него стекнуваме и учиме нови начини, но и нови причини кои нѐ мотивираат да продолжиме да растеме и да се развиваме.

11 нешта за кои треба да си простите уште денес

Кога не можеме да простиме, се соочуваме со немирна совест и со неможноста да пронајдеме мир во нашите срца, души и ум, бидејќи се губиме во нашите грешки, минатото и моментите кои повеќе не можеме да ги промениме. Но, кога ќе научиме да простиме и да се ослободиме од лутината, тогаш ќе научиме да живееме подобро и побогато, без товарот на омразата потпрен на нашите грбови.

1. Си простувам себеси што не тежнеам секогаш кон ѕвездите. Благодарен/благодарна сум за сите предмети, луѓе и појави кои се околу мене и знам да ги ценам дури и најмалите работи.

2. Си простувам себеси што сум кревок/кревка. Мојата храброст не лежи во физичката сила, туку во разумот.

3. Си простувам себеси за непотребното чувство на вина. Знам дека животот е суров и не е секогаш фер и затоа ги оправдувам сите мои постапки кои сум ги направил/а во границите на разумното.

4. Си простувам себеси што се стремам кон недостижното совршенство. Знам дека никој не може да го достигне совршенството, но исто така знам и дека може да се дојде чекор поблиску до него. Мојата амбиција не мора да има изговор.

5. Си простувам себеси што се вртам против себе. Знам кога не сум во право и умеам да го прифатам тоа.

6. Си простувам себеси што го затворам своето срце кон себе и кон другите. Не е секогаш убаво кога сите ваши чувства и емоции се видливи и луѓето можат да ве прочитаат како отворена книга.

7. Си простувам себеси што ме погодуваат туѓите осуди. Луѓето секогаш ќе осудуваат и во ред е ако понекогаш покажам малку слабост и ранливост. Тоа е само доказ дека сум човек.

8. Си простувам себеси што се обидувам сѐ да предвидам. Друго е кога човек влегува во непознатото неподготвен и друго е кога сака да има малку увид за тоа како се одвиваат работите. Нема ништо лошо во планирањето и анализирањето различни сценарија.

9. Си простувам себеси што понекогаш се мразам. Свесен/свесна сум дека исто како и сите, така и јас доаѓам со ред маани и недостатоци. Самокритичноста е дозволена сѐ додека не стане трајна.

10. Си простувам себеси што сум човечко битие и не сум совршен/а. Само боговите можат да се натпреваруваат кој е подобар. Ние луѓето сме исти и се судиме само по делата кои ги правиме.

11. Си простувам себеси што учам од своите грешки. Човечки е да се греши и уште почовечки е да се учи од грешките. Искуството нѐ прави посилни.

Со тоа што си простувам себеси, учам како да се сакам себеси. Впрочем, како ќе научам да ја делам својата љубов со другите, ако пред тоа не научам како да ја споделам со себе?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар