Претходно
Нема да поверувате: 13 различни видови храна кои цело време погрешно ги лупиме
Кој не би сакал да си го направи животот поедноставен, но и позабавен? Погледнете на кои начини можете да ги исчистите и излупите следниве видови храна со цел да ви биде полесно, но и да си заштедите време.
1. Немојте да ги валкате рацете додека ги чистите јаготките, особено кога сето тоа можете да го направите со помош на сламка.
2. Удирањето на половина калинка со дрвена лажица ќе ви помогне поедноставно да ја исчистите.
3. Доколку пред варењето на компирот направите пресек по ширина, а после варењето го полиете со ладна вода, лушпата нема да ви претставува никаков проблем.
4. Со помош на ножот поминете преку средината на кората на портокалот, а потоа извадете ја со помош на лажица. Не мора да се плашите од дамки од сокот на портокалот.
5. За да го излупите мангото не ви е потребно ништо друго освен обична, стаклена чаша!
6. Чашата е корисна и за киви.
7. Повторно чаша! Овој пат со нејзина помош едноставно излупете го авокадото.
8. Притиснете го врвот на бананата и извадете ја лушпата баш онака како што отворате кесичка чипс.
9. Лукот ќе го исчистите така што ќе го ставите во пластична кутија и ќе го покриете со дрвена даска, а потоа добро ќе го протресете.
10. Само три пресеци се доволни за да излупите мандарина.
11. Пиперката исчистете ја така што ќе го исечете врвот, па со помош на ножот ќе направите четири исечоци по должина. Потоа извадете ги исечените делови!
12. За наједноставно да ја извадите лушпата од вареното јајце, сè што е потребно е да ја отстраните од врвот и дното и само да дувнете.
13. Доколку треба да излупите голем број јаболка, тогаш дупчалката ќе ви биде од голема помош.
Веруваме дека едвај чекате да испробате некои од овие трикови!