Индијанска поука: Тајната на вечната љубов

Индијанска поука: Тајната на вечната љубов

Кога се проучува филозофијата на животот и сите нејзини неоткриени мистерии, тогаш не постои подобар учител од индијанската мудрост. Независно дали станува збор за мирот, војната, спокојството, слободата, стравот или љубовта, старите индијански племиња отсекогаш го имале вистинскиот одговор за сите животни прашања. Со тврдењето дека човекот е едно со природата, бидејќи токму таа му го дарила животот, Индијанците имале многу поинакви и позрели мислења за љубовта и нејзиното значење. Тие сметале дека слободата игра клучна улога и дека една љубов не мора да биде овековечена со некаква заедница помеѓу двајцата заљубени за да остане силна, трајна и вечна. Во тој контекст, прочитајте ја оваа поучна приказна која ја крие тајната за вечната љубов.

Индијанска поука: Тајната на вечната љубов

Еднаш, двајца Индијанци се упатиле до поглаварот на племето и одлучно му рекле:

„Ние сме заљубени еден во друг! Сакаме да ни го дадеш твојот благослов и да нѐ поучиш што треба да правиме за нашата љубов вечно да трае“, рекле тие.

„Добро“, им одговорил поглаварот. „Ќе ви кажам што треба да направите. Пред да појдете со мене во планината, пронајдете два орли и понесете ги со себе, а после ќе видиме што ќе биде понатаму.“

Заљубените тргнале во различни правци и по кратко време, секој од нив донел по еден орел. Кога стигнале на врвот на планината, поглаварот им рекол: „Земете го сега ова кратко јаже и заврзете ги неговите краеви на двете нозе од орлите.“

Тие го послушале и ги врзале нозете на птиците.

„Сега пуштете ги да летаат“, дополнил поглаварот.

Младичот и девојката ги пуштиле птиците кон небото, но орлите не можеле да полетаат бидејќи нозете им биле меѓусебно врзани. Тие паднале на земјата и почнале да се борат еден со друг, сакајќи да се ослободат од јажето со кое биле врзани.

„Сега, пресечете го јажето!“ – извикал поглаварот.

Младите ја извршиле и таа наредба, го пресекле јажето и повторно ги пуштиле орлите кон небото. Овој пат, птиците брзо се издигнале во вис, се свртиле неколку пати во круг и конечно се насочиле кон врвовите на околните планини.

Тогаш поглаварот рекол:

„Ете, тоа е тајната на вечната љубов: Ако луѓето се ‘врзани’ едни со други, никогаш нема да им успее да полетаат. Вие можете слободно да летате заедно, но не и да бидете ‘врзани’. А, ако сепак се врзете, тогаш нема да можете да ја осознаете вистинската љубов и мирот кој таа го носи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар