КАФЕ ПАУЗА

Трите зборови кои ја покажуваат основната рамка за начинот на кој се доживувате

„Јас“ ве претставува вам како субјект, „сум“ ги претставува вашите верувања за тоа кои сте и што сте во овој момент и „можам“ ги претставува вашите верувања за тоа што сте способни да направите во иднината. Комбинацијата на овие зборови ја формира основата на вашиот идентитет и она што ќе станете понатаму. Со други зборови, со комбинирањето на овие три збора во изјавите како „Јас сум“ и „Јас можам“ вие ја формирате сопствената ментална слика која ја гледате кога ќе се погледнете во огледало и онаа која ја претставувате на другите.rnrnТрите зборови кои ја покажуваат основната рамка на вашиот психолошки концептrnrnЈас сум: Мрзлив/а, активен/активна, паметен/паметна, неинтелигентен/неинтелигентна, добар/добра, способен/способна да се грижам за себеси.rnrnЈас можам: Да заштедам пари, да останам фокусиран/а, да ги завршам работите, да ги влошам социјалните односи, да најдам подобра работа, да стекнам нови пријатели, да правам лоши избори.rnrnНевролозите и психолозите велат дека причината поради којашто овие изјави се толку моќни е фактот што сопствените мислења директно влијаат врз однесувањето. Да речете за себе дека сте глупави може да ја намали вашата ефикасност во извршувањето на некоја задача. Ова се случува бидејќи нашиот мозок генерира потврдни предрасуди за нас самите, што значи дека ако мислиме дека нешто е вистина, тогаш поверојатно е да се однесуваме на начин кој ќе ги донесе резултатите кои ги очекуваме, наместо тие кои ги заслужуваме. Кога нема да успееме, ќе речеме дека не сме успеале бидејќи сме глупави. Сме си го потврдиле сопственото верување во тоа мислење не затоа што е вистина, туку затоа што сме дејствувале како да е вистина и со тоа носиме негативни последици.rnrnТрите зборови кои ја покажуваат основната рамка на вашиот психолошки концептrnrnБидејќи нашите одлуки и дејства се директно поврзани со тоа како се гледаме себеси, начинот на кој ги користиме овие три збора: Јас, сум и можам, ги одредува повеќето од нашите животни искуства. Но, добрата вест е тоа што постои можност да се променат овие тврдења и да се поврзат со искуствата кои навистина сакаме да ги доживееме. Во продолжение прочитајте ги 3-те чекори како да го подобрите својот психолошки концепт.rn

1. Бидете свесни

rnПромената на вашиот психолошки концепт започнува со забележувањето на вашиот внатрешен дијалог. Обрнете внимание на тоа како најчесто ги користите овие три зборови во секојдневието: Дали себеси си давате пофалби или поплаки? Дури и запишувањето на вашите секојдневни мисли и изјави кои започнуваат со еден од овие три зборови може значително да ја зголеми вашата свесност.rn

2. Бидете емпатични

rnДавањето сочувство на самите себеси игра важна улога во промената на менталната слика која ја имате за вас. Неретко луѓето користат негативни изјави за себе за да се мотивираат и инспирираат да вложат повеќе труд и да станат подобри личности, но самокритичноста никогаш не е толку ефективна како сочувството за себеси. Ако забележите дека вашите изјави кои започнуваат со „Јас“ се често проследени со негативни критики и коментари, обидете се да ги парафразирате на подобро.rn

3. Бидете со намера

rnВерувањата се едноставно мисли на кои сме им припишале вистина бидејќи детално сме ги анализирале и потоа сме барале и собрале докази со кои сме си ги потврдиле. Ние ја имаме моќта да создадеме нови верувања со тоа што внимателно ќе избираме попозитивни мисли и изјави за себе и потоа ќе започнеме да бараме вистина во нив. Следете ги своите нови позитивни мисли и изјави со дела кои се конзистентни. Кога се однесуваме како нешто да е вистина, тогаш ќе започнеме да правиме дејства кои ќе ја потврдуваат таа вистина.