Сте се прашувале ли некогаш дали историските личности портретирани од актери биле слични со нивниот еквивалент од реалноста? Понекогаш дури и најмалите детали можат комплетно да ја сменат важноста на историската фигура и нивната улога во историјата, на тој начин претворајќи ги во сосема друга личност.rnПонекогаш режисерите имаат проблеми со историската веродостојност на изгледот или личноста на некои историски фигури. Како и да е, актерскиот талент на тие кои ги играат историските карактери и професионализмот на целиот тим од филмот можат да направат навистина успешен проект.rn
Ксеркс I во „300“
rn
rnrnИсторискиот портрет на персискиот крал Ксеркс I е прилично двосмислен. Некои историчари тврдат дека тој бил тесноград и слаб, а сепак арогантен и претенциозен владетел, додека други го сметаат за мудар и искусен воин. Се чини дека во филмот се обиделе да ги комбинираат двата портрети на Ксерскс.rn
Александар III Македонски во „Александар“
rn
rnКритичарите забележале неколку историски недоследности во овој филм. Уште повеќе, појавата на Александар, портретиран од Колин Фарел е прилично различна од оригиналниот Александар.rn
Младиот Салвадор Дали во „Мали пепели“
rn
rnИако Патинсон не изгледа ни приближно на младиот Дали од реалноста, актерот дал сè од себе за да креира одлична слика за големиот ексцентрик и гениј.rn
Кралот Леонид I во „300“
rn
rnИсторичарите велат дека кралот на Спарта, Леонид I, не направил ништо значајно во неговото десетгодишно владеење, но умрел херојски во битката кај Термопилае. Па, ако режисерот сакал да направи историски поверодостоен филм, кралот Леонид не требало да биде портретиран како толку храбар лик.rn
Императорот Комодус во „Гладијатор“
rn
Хоакин Феникс не изгледа како прототипот на историската личност. Како додаток на ова, филмот сугерира на неколку неправилности во контекст на биографијата на римскиот император. Вистинскиот Комодус владеел со Рим тринаесет години, додека во филмот неефективно владее само две. Уште повеќе, императорот Комодус учествувал во гладијаторски борби, но секогаш без опасност по неговиот живот.rnrnПродолжете на следната страница за останатите историски личности на оваа листа.rn


