Зошто скоро сите рачни часовници во рекламите го покажуваат истото време – 10:09?

Зошто скоро сите рачни часовници во рекламите го покажуваат истото време – 10:09?

За рекламите и маркетиншките кампањи спроведени од познатите брендови за часовници може да се каже дека се едни од најелегантните и најраскошните, заедно со рекламите и за скапиот накит. Но, дали сте забележале дека показалките на скоро сите рачни часовници во овие реклами го покажуваат истото време, без оглед на брендот, големината или формата на часовникот? Поконкретно, наместени се на 10 часот и 9 минути. Во продолжение прочитајте зошто е тоа така.

Зошто скоро сите рачни часовници во рекламите го покажуваат истото време – 10:09?

Во некои случаи, покрај 10:09 часот, показалките на рачните часовници можат да бидат наместени со ситна разлика на 10 часот и 10 минути или 13 часот и 50 минути. Според тврдењата на „New York Times“, станува збор за едно непишано правило во маркетингот со кое се истакнува брендот на рачниот часовник и се поттикнува потрошувачот да го купи производот.

Зошто скоро сите рачни часовници во рекламите го покажуваат истото време – 10:09?

Името на произведувачот, односно името на брендот, најчесто се наоѓа на горниот дел од часовникот, со само неколку исклучоци на модели. Кога показалките ќе се наместат на 10 часот и 9 минути, тие совршено го урамуваат името на брендот и со тоа уште повеќе го истакнуваат и го прават визуелно и естетски попривлечен. Освен тоа, вака наместените показалки прават форма на едно аголно „смајли“ или насмеано лице, кое може посебно да се истакне во некои модели, и да пробуди позитивни и ведри чувства кај потенцијалниот купувач.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар