Поучна приказна: Светот е ваше огледало
Еднаш, едно куче се нашло во музеј, каде сите ѕидови, таванот, па дури и вратата и подот биле изградени од огледала. Тоа одеднаш смрзнало од изненадување и страв, на центарот од просторијата, бидејќи го обиколиле кучиња од сите страни.
За секој случај, кучето ги покажало своите заби, но тоа не ги спречило сите останати кучиња да го направат истото. Преплашено, тоа тивко залајало, со надеж дека ќе ги предупреди, но останатите без страв го имитирале звукот кој тој го испуштил, како ехо движејќи се околу него. Кучето почнало посилно да лае, но за негова несреќа добивало сè посилни одговори. Со цел да се одбрани, одеднаш почнало да скока на сите страни, обидувајќи се да го гризне воздухот, па истото почнале да го прават и останатите кучиња, обидувајќи се да го гризнат него со своите заби.
Следното утро, обезбедувањето во музејот го пронашло кутрото куче, безживотно и опколено со многу други безживотни кучиња. Но, таму немало никој кој би можел да му наштети. Тоа умрело борејќи се со својот одраз.
Светот, сам по себе, не носи ни добро, ни зло. Сè што се случува околу нас е одраз на нашите сопствени мисли, чувства, желби и дела. Светот е едно големо огледало. Па, наместо да се борите со него, пронајдете ја вашата најдобра поза!