ТВ серија: Магионичарите (The Magicians)

Сподели

Откако ќе бидат регрутирани од тајна академија, група студенти ќе откријат дека магијата за која читале како деца е многу реална и многу поопасна одошто мислеле

rnГлавни улоги: Џејсон Ралф, Стела Мејв, Оливија Тејлор Дадли

Реклама

Жанр: драма, фантазија, хорор

Креатори: Џон МекНамара и Сера Гембл

Премиера: 16 декември 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 50 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: [ratings]

Трилогијата на Лев Гросмен, „Магионичарите“, е составена од новели кои се успешни најмногу поради неверојатни способности на писателот детално да изгради сосема нов свет. Станува збор за жанр фантазија, каде што се многу важни дури и најмалите ситници со цел да можеме убаво да го доживееме тоа што го искусуваат ликовите, па токму затоа е важен и начинот на кој се изразува самиот писател. Но, кога книгите ќе добијат своја ТВ верзија, нештата можат да се тргнат во 2 насоки: целосен успех или целосен хаос. Во оваа ситуација, сметаме дека станува збор за одлично претставување на овој универзум на малите екрани.

Нашиот прозорец кон светот на Магионичарите е Квентин Колдвотер (Џејсон Ралф), млад човек кој се подготвува да аплицира на факултет. Тој е на медикаменти поради својата депресија и очајно бара барем некакво значење во својот живот, па затоа и добивате чувство како тој да оди на факултет само поради тоа што смета дека е нешто што треба да го направи, а не нешто што сака. Од друга страна пак, ни изгледа како тој да ужива во своето време читајќи новели од своето детство. Најдобрата пријателка на Квентин, Џулија (Стела Мејв), го придружува на своето интервју за Јејл, каде што нештата одеднаш стануваат многу интересни. И двајцата преминуваат во сосема друг свет, во кампусот на Универзитетот Брејкбилс – училиште за магија слично на Хогвартс, кој имавме можност да го видиме во светот на Хари Потер.

Не ви откриваме ништо повеќе за оваа приказна, со цел самите да ја доживеете во целост. Исто така, имајте на ум дека доколку сте ги читале книгите, треба да очекувате големи промени со текот на времето, бидејќи уште во првата епизода ќе „прелетате“ низ целата прва книга, оставајќи простор за приказната да се развива на сосема нови начини. Па, ако сте расположени за малку магија во вашето секојдневие, тогаш без сомнение треба да издвоите 1 час во неделата за оваа одлична магична приказна.

Популарно

Може ќе ве интересира