Поучна приказна која треба да ја прочитаат сите оние кои веруваат дека не се доволно добри

Поучна приказна која треба да ја прочитаат сите оние кои веруваат дека не се доволно добри

Еднаш еден водар во Индија имал 2 огромни садови кои виселе на краевите од даска која тој ја носел на својот врат. Еден од садовите имал пукнатина, додека другиот бил совршен, па така до крајот на патот, од изворот до куќата на господарот, водарот успевал да пренесе само 1 и половина сад вода. Тој ја работел својата работа секојдневно, скоро 2 години и секогаш од садот со пукнатина половина од водата се истурала по патот.

Поучна приказна која треба да ја прочитаат сите оние кои веруваат дека не се доволно добри

Токму затоа и совршениот сад бил горд на своите достигнувања, бидејќи бил незаменлив за целта поради која постои. Но, кутриот сад со пукнатина постојано бил засрамен поради своето несовршенство и несреќен затоа што може да достигне само половина од тоа за што е направен. Бидејќи по 2 години почнал да се чувствува како болен неуспех, еден ден решил да му се обрати на водарот додека биле крај потокот.

Се срамам и би сакал нешто да ти кажам!“ – рекол садот со пукнатина.

Зошто се срамиш?“ – прашал водарот.

Во последниве две години носев само половина од својот капацитет бидејќи пукнатината која ја имам предизвикува водата да тече по целиот пат од изворот до домот на твојот господар. Поради мојата пукнатина ти мораш да ја работиш целата работа, а не ја добиваш целосната вредност од своите напори!“ – се исповедал садот.

Во тој момент на водарот му паднало жал за садот со пукнатина, па од сомилост кажал:Кога ќе се враќаме накај домот на мојот господар, сакам по патот да ги забележиш прекрасните цвеќиња.“

И навистина, додека се искачувале по брдото, стариот напукнат сад забележал како сонцето ги грее прекрасните диви цвеќиња покрај патот по кој се движеле и тоа го расположило. Но, кога пристигнале на својата дестинација повторно се почувствувал лошо бидејќи половина од водата му истекла, па пак му се извинил на водарот за својата неспособност.

Водарот смирено му одговорил: Дали забележа дека цвеќињата беа само на твојата страна од патеката, а не и на другата? Тоа е затоа што јас знаев за твојата пукнатина, па од неа најдов корист. Засадив цвеќиња од твојата страна и секогаш кога се враќавме назад од изворот ти ги полеваше со вода. Веќе две години можам со овие цвеќиња да ја украсувам масата на господарот. Да не си таков каков што си, оваа убавина никогаш немаше да може да ја краси неговата куќа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар