Скоро секој ден на социјалните мрежи завладува некој нов тренд во шминкањето. Благодарение на Инстаграм, дури и некои почетници можат лесно и брзо да ги совладаат оние кои се малку потешки мејкап техники. Ние ви претставуваме три техники кои моментално се најпопуларни и кои самите лесно ќе ги совладате.rnrn
rn
#SunStripping
rnИако контурирањето е сè уште многу популарно ширум светот, девојките сè почесто започнуваат да го користат бронзерот на малку поразличен начин. Всушност, оваа техника подразбира хоризонтално нанесување на бронзерот од едниот до другиот образ, вклучувајќи го и носот. Овој начин на шминкање особено ќе одговара за девојките со издолжено лице, бидејќи визуелно ќе го скрати нивниот лик. Посебно внимание треба да посветите на размачкување на производот за да ги ублажите премините.rnrn
rn
#Chroming
rnИако личи на познатата стробинг техника, сепак оваа техника наместо хајлајтер вклучува нанесување посветла нијанса кармин на јаболкниците. Иако сличен ефект можете да постигнете и со обичен хајлајтер, на овој начин ќе имате можност да го искористите карминот кој можеби не ви одговарал на усните.rnrn
rn
#ColorContouring
rnСо оглед на големиот избор на коректорите во боја на пазарот, беше само прашање на време кога некој ќе се досетеше овој производ да го употреби за друга намена. Јутјуберката TianaCosmetics се досетила наместо бронзер и хајлајтер за контурирање да употреби различни нијанси од палетата со коректори и на тој начин го создала овој интересен мејкап тренд. Зелена, виолетова, жолта и портокалова се потребните нијанси, а со добро размачкување со четка или сунѓерче ќе добиете јасно контурирно лице.rnrn