Животот претставува константно качување по стрмните скалила на успехот, а после само еден погрешен чекор вртоглаво паѓање низ падините на реалноста. Но важно е да продолжите напред. Важно е вашите животни сопатници безусловно да ве сакаат и секогаш да бидат тука кога ќе ви биде потребна помош. На крајот на денот, вие самите ја пишувате вашата приказна и од вас зависи дали тоа ќе биде бајка или трагедија.
rn
1. Не молете никој кој решил да замине
rnВашата љубов не е кафез за диви срца, туку подарок кој треба да се прими со задоволство. Вие сте подобри од приказната која тие еден ден ќе ја раскажуваат за лудата личност со која некогаш излегувале и која ги демнела и после раскинувањето. Наместо тоа, бидете личноста за која ќе зборуваат со почит пред најдобрите пријатели.rn
2. Некои луѓе доаѓаат и си заминуваат, а други остануваат засекогаш
rnБројот на луѓе кои само привремено ќе бидат дел од вашиот живот е многу поголем од бројот на луѓе кои засекогаш ќе останат во вашиот живот. Без разлика колку длабоко ќе се заљубите во некого, секогаш постојат шанси врската да не успее. Запомнете дека секогаш има иднина и никогаш не дозволувајте да бидете комплетно уништени.rn
3. Престанете да се грижите за луѓето кои не се плашат да ве изгубат
rnАко некој ве сака, тој или таа секогаш ќе најде време за вас, ќе води сметка за вашите чувства и ќе ви се извини кога ќе ве повреди. Како и да е, ќе има луѓе кои ќе ги сакате иако тие престанале да ве сакаат или никогаш воопшто не ве сакале. Можете да им ги симнете ѕвездите, но не можете да ги натерате да ве сакаат. Пуштете ги. И најдете некој подобар, пореален, некој што навистина ве сака.rn
4. Не чекајте. Спасете се уште денес.
rnАко чекате на личноста која ќе го спаси вашиот живот, тогаш треба само да погледнете во огледало. Вистината е дека никој друг нема да ве спаси. Првиот пат кога ќе се случи нешто ужасно, вие чекате некого, кого било, за да ве спаси, но набрзо ќе сфатите дека само вие може да си помогнете самите себеси. Разочарани сте затоа што во бајките и на телевизиските серии доброто секогаш го победува злото? Не заборавајте дека во вистинскиот живот и злото понекогаш победува.rn
5. Напишете ја вашата сопствена бајка
rnСекоја приказна е убава. А единствената причина зошто бајките ви звучат нереално е затоа што тоа се туѓи приказни. Време е да земете здив и да не заборавите дека бајките можат да бидат реални онолку колку што вие сакате, дека не се сите бајки среќни, а некои имаат и ужасни краеви. Не мора секоја приказна да биде среќна, но секоја приказна може да биде убава на свој начин, па затоа напишете ја вашата.rn
6. Научете ги другите како да ве сакаат, но најпрво сакајте се себеси
rnКако некој друг би знаел да ве сака, ако најпрво вие не се сакате себеси? Вие сте комплексна личност, различна од другите, бидејќи вие го доживувате животот на уникатен начин. Токму затоа љубовта ја доживувате различно од другите. Начинот на кој се сакате самите ќе им покаже на другите како да ве сакаат.rn
7. Дозволете ѝ на тагата да дише
rnНајдете место каде што ќе ја исфрлите вашата болка, можеби ќе ја „посадите“ во некоја креативна почва и така сама ќе израсне во нешто сосема различно. Цртајте, сликајте, танцувајте, вежбајте, најдете нешто што ве прави посилни. Бидејќи ако ја закопате тагата под вашата кожа, наместо да ја исфрлите од вас, таа ќе израсне во вашето срце.rn
8. Не заборавајте што сѐ сте преживеале
rnВашиот свет се распаднал и претходно. И секогаш останатиот свет продолжува да живее и покрај фактот дека вие сте скршени. И откако сте помислиле дека никогаш нема да заздравите и дека никогаш нема да станете од подот, вие само ја бришете прашината од вас и продолжувате. Ако сте го преживеале крајот на вашиот свет, кој се случува повторно и повторно и ако сте сѐ уште тука, треба да се гордеете со себе.

