Зошто секогаш треба да ја одбирате љубовта пред стравот?

Зошто секогаш треба да ја одбирате љубовта пред стравот?

Не е лесно, но дефинитивно вреди. Постојат само две човечки емоции – љубов и страв. Сите други емоции потоа никнуваат од основните. Љубовта е безусловно прифаќање и подготвеност да се надминете себеси за вашата сопствена среќа и среќата на другите. Стравот е отсуство на љубов, исто како што осудувањето е одложување на љубовта.

5 причини зошто да ја изберете љубовта пред стравот

Паровите, семејството, колегите, членовите на општеството, соседите… сите ја доживуваат динамиката од страв и љубов во нивните врски. А да изберете љубов, значи да изберете со срце, а не со мозокот или со вашето его. Срцето е еден од најмоќните мускули во телото, а неговото електромагнетно поле е 60 пати помоќно од тоа на мозокот. Со други зборови, избирањето љубов го зајакнува вашето физичко здравје и вашата духовна благосостојба. Еве 5 начини како да го направите тоа:

1. Безусловната љубов помага во создавањето поубав свет

Бројни студии ја докажуваат лековитата и миротворната моќ на љубовта. Во август 2013, во текот на сирискиот конфликт и можната американска воена интервенција, Џејмс Твајман, борец за мир, заминал во Сирија и Египет за да одржи концерт и да се моли за љубов и мир. За време на неговиот престој во Сирија, преку 100.000 луѓе од целиот свет испраќале пораки со љубов и молитви за мир. Два месеци после овој настан Обденетите нации го спречија влегувањето на американските сили во конфликтот, со потпишувањето на планот за разоружување.

Џејмс уште еднаш бил во Сирија на 1 февруари 2016 година, во близина на територијата на Исламската држава, за да одржи мировен концерт и уште еднаш ги покани луѓето од целиот свет да испратат љубов и да се молат за мир. Неколку милиони луѓе ширум светот учествувале во синхронизираната молитва и медитација за мир во регионот. Сега сите чекаат повторно да се појави чудото во име на љубовта.

2. Љубовта го зајакнува вашиот дух

Избирањето на безусловната љубов, прифаќањето, благодарноста и сочувството во нас создава посилна енергија. Кога некој кон вас се однесува со осуда, ви поставува услови и бара премногу, тогаш не се чувствувате добро и тоа ја цеди вашата енергија. Но, кога сте опкружени со луѓе кои ве прифаќаат, сочувствуваат и се позитивни кон вас, вашиот дух расте и вообичаено се чувствувате сигурно однатре. Безусловната љубов ја промовира вербата во другите луѓе. Ви дозволува да бидете поотворени кон искуствата во животот и да не се криете од себеси и од другите.

3. Љубовта е нашиот природен инстинкт

Да сакате и да бидете сакани е основна човечка потреба. Многу е значајно за човечкото срце и мозок да слушате некој како вели „те сакам“. Ве води во блажена состојба. Ако на вашето семејство или пријателите им кажете дека ги сакате, тоа веднаш ќе го промени вашето, но и нивното расположение и однесување.

Процесот на заљубување ослободува допамин во вашиот мозок, кој создава чувства на задоволство, екстаза, љубомора и опсесија. Хемикалиите вклучени во процесот на љубовта имаат за цел да создадат поврзаност со партнерот за сексуална интеракција и одгледување деца.

4. Љубовта ве предизвикува да станете подобар човек

Љубовта ќе ги тестира вашите вредности, ќе го тестира вашето трпение, ќе ја предизвика вашата сила и ќе допре до сите ваши рани и слабости. Над сѐ, љубовта е покана за слобода и внатрешен мир со ослободувањето на вашиот мозок од нездравите заблуди. Избирањето на љубовта, посебно во интимните врски, нуди пат за развој на високи нивоа разбирање. Ја предизвикува подготвеноста да се прифатите еден со друг такви какви што сте и да сочувствувате еден со друг. Ви помага да најдете сила за опростување и надминување на грешките и разликите.

5. Љубовта е единствениот избор кој води до вистинска среќа

Љубовта го гради универзумот, љубовта ги држи сите заедно и ги спојува двата краја. Љубовта вклучува, додека стравот исклучува. Безусловната љубов е најдобриот исцелител и реставратор. Да изберете љубов, значи да му кажете „да“ на животот. Љубовта значи да живеете со отворено срце и отворен ум, што значи дека треба да станете најдобрата верзија од себеси, да бидете од помош на другите и кон нив да се однесувате со почит.

Љубовта кон себеси и кон другите е она што го прави светот поубаво и помирно место. Едноставно нека има љубов и секогаш избирајте љубов, бидејќи тоа е сѐ што ни е потребно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар