5 причини зошто никогаш не смееме да го прескокнеме појадокот

5 причини зошто никогаш не смееме да го прескокнеме појадокот

Дали редовно појадувате? Многу луѓе сметаат дека наутро се премногу зафатени за да стигнат и да појадуваат. Од друга страна, поголемата половина од нив тврдат дека не се доволно гладни и немаат апетит кога ќе се разбудат. Оние кои не јадат наутро можат да нанесат поголема штета отколку корист на својот физички изглед. Истражувањата покажале дека постојат неколку причини поради кои појадокот е важен, а во продолжение прочитајте какви предности има тој за нашето здравје.

5 причини зошто никогаш не смееме да го прескокнеме појадокот

1. Појадокот ја подобрува концентрацијата

Постои причина зошто многу училишта нудат појадок за своите ученици. Нутриционистите веќе одамна се сложиле дека утринскиот оброк е клучен за концентрацијата и учењето, неповрзано со возраста. По ноќта, нивото на шеќерот во крвта е многу ниско, а појадокот кој нуди оптимална количина интегрални житарици, протеини и намирници богати со витамини му е и повеќе од потребен на нашиот мозок за извршување на нормалните функции.

2. Важен е за срцето

Навиката на прескокнување на појадокот е научно докажано дека е поврзана со појавата и развитокот на срцевите болести, поточно со зголемување на ризикот од срцев удар за 27%.

3. Изберете протеини за појадок

5 причини зошто никогаш не смееме да го прескокнеме појадокот

Појадокот ќе ве држи сити во текот на целото претпладне, но појадокот богат со протеини ја продолжува оваа предност на целиот ден. Изберете јајца, јогурт и месо и ќе ја намалите желбата за брза храна низ денот. Здрав појадок = здрави избори.

4. По појадокот ќе бидете поактивни

Луѓето кои појадуваат има поголема физичка енергија, поради што природно водат и поактивен живот бидејќи мозокот добива сигнали за количината на новата енергија. Направете си услуга и никогаш не го прескокнувајте појадокот.

5. Се намалува ризикот од појавата на дијабетес

Врската помеѓу прескокнувањето на појадокот и развивањето на дијабетесот е спомната во многу научни студии. Појадокот е важен за регулирањето на апетитот во текот на денот. Ако го прескокнете, по некое време може да дојде до чувствителност на инсулин, дијабетес тип-2 и висок крвен притисок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар