6 трикови во исхраната кои ги научивме од професионалните спортисти

6 трикови во исхраната кои ги научивме од професионалните спортисти

Ниту премногу одрекување од вашата омилена храна, ниту претерано уживање во палачинки и пици е балансот кој ви е потребен за совршена форма и тело. Како тоа изгледа во пракса? Многу едноставно. Откријте како најдобрите спортисти во светот се справуваат со гладот и како му одолеваат на искушението за нездравата храна, преку своите навики во исхраната.

1. Започнете го денот со овесна каша

(1) 6 трикови во исхраната кои ги научивме од професионалните спортисти

Овесната каша е неверојатно лесен и одличен оброк за совршен почеток на денот. Овесот се вбројува во редот на најздрави прехранбени производи, бидејќи содржи многу хранливи елементи, како што се калиум, манган, фосфор и магнезиум. Првиот американски нинџа војник и шампион, Ајзак Калдеиро, не може да ја замисли својата исхрана без овесот, кој го комбинира со бадемово млеко, цимет, боровинки и една лажица семиња од чиа.

2. Направете си смуди

(2) 6 трикови во исхраната кои ги научивме од професионалните спортисти

Еднаш во денот направете смуди од здравите прехранбени продукти кои ги имате вашиот дом. Познатиот мечувалец и манекен, Мајлс Чамли Вотсон, своите оброци ги надополнува со многу протеини, овошје и други здрави продукти кои ги консумира во форма на шејкови. Дури и најпознатиот шампион во консумирање брза храна, Мет Стони, своето заздравување од тешките натпреварувања го базира на здрави смуди напивки.

3. Јадете риба редовно

(3) 6 трикови во исхраната кои ги научивме од професионалните спортисти

Месото од лосос секогаш се наоѓа на листата на најздрави прехранбени продукти. Всушност, месото од кој било вид риба се смета за здраво. Шампионот во сумо борење, Бјанбаџев Уланбаер, преферира пржена скуша, додека швајцарскиот Гренд Слем шампион Стен Вавринка редовно консумира бранцин.

4. Префрлете се на вегетаријанска исхрана

(4) 6 трикови во исхраната кои ги научивме од професионалните спортисти

Со исфрлањето од секојдневната исхрана на продуктите од животинско потекло можете да го подобрите вашиот напредок во теретаната. Најдобар пример за тоа се супермаратонецот Скот Јурек, кој има изразено витка градба и професионалниот играч од НФЛ лигата Дејвид Картер. Тие заедно докажаа дека е можно да сте професионален спортист со вегетаријанска исхрана.

5. Привремено не јадете месо

(5) 6 трикови во исхраната кои ги научивме од професионалните спортисти

Во последно време кај спортистите е актуелен трендот на избегнување продукти од животинско потекло. Триатлонецот Џејмс Лоренс и НБА кошаркарот Џеј Редик се главни промотори на тој нов тренд.

6. Имајте ден за задоволства

(6) 6 трикови во исхраната кои ги научивме од професионалните спортисти

Статистиките покажуваат дека многу малку луѓе се придржуваат до своите одлуки. Постојат бројни причини за тоа, но најпосветените спортисти ќе ви кажат дека тој вид самодисциплина е многу тежок. Најдобар начин да останете на вистинскиот пат е ако понекогаш се наградите себеси со оброк кој не е во вашата програма на исхрана. Омилените чоколада и газираните сокови се на таа листа, а талентираниот американски фудбалер Деандре Џедлин знае да се почести и со пилешки крилца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар