10 начини да ги задоволите вашите потреби во љубовната врска

10 начини да ги задоволите вашите потреби во љубовната врска

Да се чувствувате исполнето е многу полесно отколку што мислите. Многумина не знаат како да го побараат тоа што им е потребно, па затоа и ризикуваат да не бидат сфатени. Трикот се наоѓа во комуникацијата и разговорот за она што го чувствувате. Во продолжение прочитајте за 10-те методи кои ќе ви помогнат да ги задоволите сите ваши емоционални потреби.

10 начини да ги задоволите своите потреби

1. Доколку вашиот партнер има некоја навика или особина која сметате дека треба да се промени, внимателно набљудувајте. Забележете како тој или таа се однесува и подгответе се да им укажете каде грешат, но на љубезен и конструктивен начин. Да ги покажете некому мааните не е емпатично, туку е навредливо и нељубезно.

2. Разговарајте за вистинското однесување кое влијае во вашиот однос. Разговарајте за работите поради кои не се чувствувате добро и обидете се да пронајдете компромис.

3. Забележете како се чувствувате. Дали сте лути, дали се чувствувате предадено или разочарано? Ако тоа е навистина така, тогаш треба да му кажете на вашиот партнер, бидејќи тој или таа не се видовити. Ако нешто не функционира во најдобар ред, треба да се најде соодветно решение и да се преброди проблемот. Ако искрено ја споделите вашата емоционална состојба, личноста која ве сака ќе направи сѐ за да се чувствувате подобро, исто како што и вие би го направиле истото за неа.

4. Побарајте го тоа што ви треба. Дали сакате промена, разбирање или компатибилност? Доколку директно го побарате тоа што го посакувате или тоа што ви е потребно, тогаш автоматски ги подобрувате шансите тоа и да го добиете. Ако очекувате вашиот партнер да ги прочита вашите мисли, тогаш нема да се случат никакви промени.

5. Побарајте само една работа. Доколку го прашате партнерот да направи само една специфична промена, тогаш ќе можете подобро, но и полесно да ги задоволите своите потреби. Најдобро е да го изнесете својот став нежно и смирено. Ако станува збор за некој посериозен проблем, обидете се да разговарате цивилизирано и да го избегнете конфликтот.

6. Активно и целосно анализирајте го проблемот или откажете се. Враќањето на старите теми нема да ви помогне да пронајдете решение. Искажете ги своите потреби, разговарајте и дојдете до согласност дека сте пронашле заедничка бранова должина или дека ќе го направите тоа во блиската иднина.

7. Бидете пореални во очекувањата. Тоа не значи да ги намалите своите очекувања, туку да се обидете повеќе да се фокусирате на вашите преференции и работите кои сметате дека ви се приоритетни. Кога остварувате работи кои се пореалистични и поверојатни тогаш добивате повеќе успеси, а помалку разочарувања.

8. Кажете му го на партнерот она што го сакате, а не она што не го сакате. Бидете јасни, искрени и љубезни. Така ќе си ги олесните и своите, но и одговорностите и трудот на вашиот партнер.

9. Вреднувајте го придонесот кој партнерот го прави за вашиот живот. Кога една личност ќе се почувствува ценето и почитувано, таа ќе направи сѐ за да го задржи вашето мислење за неа на високо ниво. Да го потсетите партнерот дека вашиот живот е подобар бидејќи го делите со него е многу инспиративно и претставува одличен начин да ја покажете љубовта која ја чувствувате.

10. Еднаквоста наспроти квалитетот. Рамнотежата игра клучна улога во одржувањето на здрав и функционален однос. Иако работите можеби не се такви какви што сакате да бидат, кога знаете дека вашиот живот е балансиран, тогаш позитивната животна околина е гарантирана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар