Подемот на боенките за возрасни: Зошто токму вам ви се потребни?

Сподели

Во свет кој е опседнат со технологија и социјални мрежи, изгледа контрадикторно дека токму нешто како боенките за возрасни би можеле да направат толку голема промена. Ова терапевтско хоби кое гордо го зазема своето место крај медитацијата и јогата е еден нов начин да ја проширите вашата свесност во денешниот брз начин на живеење.

Реклама

Па, што е тоа што предизвикало да настане ова колоритно лудило? И зошто токму вие би требало да ги замените вашите смартфони и таблети кои постојано ви испраќаат нотификации со пакување боички? Според психологијата, секоја боја има огромно влијание врз нашето расположение и моќ да влијае врз моменталните емоции и перцепции. На пример:rn

    rn011

  • сината е позната по својот смирувачки ефект
  • rn011

  • жолтата може да го поттикне вашето среќно и креативно расположение
  • rn011

  • зелената создава чувство на мир и баланс
  • rn011

  • црвената и розовата се поврзуваат со љубовта и топлината
  • rn

rnОвие книги се внимателно создадени за да им се допаднат на возрасните, така што содржат голем број добро познати спиритуални индиски симболи како мандалата, кои го претставуваат целиот универзум. Тоа е и една од причините зошто голем број возрасни ги одбираат како начин на смирување и бегање од секојдневието.

Но, зошто токму вие би требало да си земете боенка за возрасни и тоа што побрзо? Бидејќи самото боење му помага на вашиот мозок да се ослободи, притоа овозможувајќи ви да допрете до вашиот внатрешен мир. Наша препорака е покрај боенката, да инвестирате и во квалитетни боички со цел да можете да го искусите целосно ова ваше ново разнобојно хоби.

Популарно

Може ќе ве интересира