­
Сексуалните терапевти советуваат: 7 нешта кои секој пар треба да ги знае

Сексуалните терапевти советуваат: 7 нешта кои секој пар треба да ги знае

Станува збор за 7 моќни совети кои сексуалните терапевти би сакале да ги знаете и кои без сомнение ќе ви го подобар сексуалниот живот.

Сексуалните терапевти советуваат: 7 нешта кои секој пар треба да ги знае

1. Сексот не мора секогаш да биде совршен

Често се случува девојките да веруваат дека нивниот партнер за време на првиот сексуален однос магично ќе направи сè за што тие некогаш фантазирале. Ако нивните очекувања не се исполнат, тие веднаш почнуваат да се сомневаат во партнерот и во својот сексуален живот. Но, терапевтите тврдат дека е сосема во ред за време на сексот да си играте и да се забавувате и тоа што го прави односот незаборавен е целосната опуштеност во својата кожа.

2. Во ред е да закажете секс

Постои општо верување дека до сексот треба да се дојде спонтано и непланирано. Но, сексуалните терапевти тврдат дека доколку чувствувате потреба за секс, сосема е во ред да го договорите тоа. На тој начин вие дополнително ќе ја разгорите вашата страст во исчекувањето на средбата, а и ќе му дадете до знаење на партнерот дека не мора да се фокусира на долгата предигра.

3. Преземете ја контролата над своите задоволства

Комуникацијата е клучна ако сакате вашиот однос да биде неверојатен. Токму затоа и треба отворено да му кажете на вашиот партнер што сакате и во што најмногу би уживале. Овие сугестии одлично ќе му/ѝ дојдат бидејќи тој или таа точно ќе знаат што сакате и на кој начин можат да ве задоволат.

4. Кажете му/ѝ што ви смета

Многу парови не се отворени помеѓу себе, бидејќи сметаат дека нивното искрено мислење ќе ја повреди другата страна. Но, доколку нешто не ви се допаѓа во сексуалниот однос, немојте да се форсирате да го правите тоа и да го премолчите вашето мислење, бидејќи на тој начин не го решавате проблемот, туку само го одложувате. Доколку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, вие мора да ги вклучите и критиките покрај пофалбите.

5. Ако страста не е огнена, не мора да значи дека ја нема

Вашиот сексуален живот постои во реалноста, па токму затоа и никогаш нема да изгледа како во филмовите. Сексуалните терапевти истакнуваат дека ако за време на сексот нема огнена страст, тоа не значи и дека станува збор за лош однос или пак, дека нема искри помеѓу вас. Вистинската страст ја чинат емоциите кои ги доживувате за време сексот, па затоа обидете се максимално да се препуштите и повеќе да уживате.

6. Поголемиот дел од луѓето мастурбираат

Истражувањата покажуваат дека оваа тема повеќе не е табу. Сексуалните терапевти тврдат дека не е срамота да правите нешто што ви создава пријатни емоции, а со самата мастурбација и вашиот сексуален живот ќе стане многу подобар.

7. Вашето тело е совршено

Немојте да се грижите дали партнерот ќе го види целулитот, влакненцата, стриите или кои било други делови од вашето тело кои вам не ви се допаѓаат. Вие сте совршени онакви какви што се, па токму така и тој или таа ве гледаат за време на сексот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар