КАФЕ ПАУЗА

Бразилките советуваат: Бесценети начини за нега на вашето тело, лице и коса

По што се издвојуваат бразилските убавици од другите? Дали тие имаат нешто заедничко освен убавината со којашто се надарени? Денес ќе ви откриеме кои трикови ги користат некои од најпознатите бразилски модели, на кој начин тие се грижат за себе, за своето лице, кожа и својата коса.rn

Алесандра Амбросио

rnПреубавата Алесандра Амбросио ни го открива својот трик за прекрасни „голи“ усни. Како успева во овој беспрекорен изглед? Таа едноставно го нанесува својот молив за усни во неутрална боја и над него става балсам или безбоен сјај. Толку едноставно, а ефективно. На тој начин бојата на усните и подолго ѝ трае.rnrnrn

Жизел Биндшен

rnНа прашањето како ја негува својата прекрасна коса и како постигнува да изгледа толку совршено, Жизел одговорила дека трикот е во тоа што речиси никогаш не користи четка за коса. Откако ќе нанесе регенератор, само проаѓа со прстите преку косата и ја остава да се исуши по природен пат. Понекогаш одвреме-навреме ја чешла додека се тушира, но никогаш после тоа.rnrnrn

Адријана Лима

rnАдријана споделува еден совет кој може да ви помогне да го ублажите стресот после напорниот ден и да ја смирите кожата на лицето. Таа препорачува да натопите памук со оладена кокосова вода, по можност органска и потоа нежно да го поминете лицето со него. Таа секогаш кога оди во Бразил наоѓа време да си ја надополни нејзината залиха на кокосова вода, а овој трик го применува секогаш после напорниот ден со цел да се чувствува порелаксирано.rnrnrn

Лаис Рибеиро

rnЛаис секогаш има прекрасна и сјајна кожа. Таа објаснува дека тајната е во тоа што со себе секогаш носи марамчиња за бришење шминка, па веднаш по завршувањето на снимањето таа ја отстранува целата шминка. Со оглед на тоа дека лицето често ѝ е покриено со многу шминка, за нејзината кожа да дише и да биде здрава, таа се труди редовно да се придржува до овие правила.rnrnrn

Изабел Гулар

rnИзабел ни открива на кој начин успева да ја одржува својата кожа доволно хидрирана, дури и после долгите летови со авион од по 12 часа. Таа тврди дека нејзината кожа е убава и хидрирана поради користењето масло за лице, од кој било бренд. Па, доколку имате проблеми со дехидрирана кожа, пробајте тоа да го решите со користење масло.rnrnrn

Синтија Дикер

rnСигурно ќе се согласите дека Синтија со својата виткана коса, пеги по лицето и порцеланска кожа не е типична Бразилка, но тоа не треба да ве лаже. Таа вели дека својата убавина ја одржува на тој начин што секој ден пие зелен коктел од: краставица, спанаќ, лимон, јаболка и ѓумбир. Синтија тврди дека токму овој ритуал којшто го практикува повеќе години, е одговорен за нејзината убавина.rnrnrnrnБи пробале ли и вие некој од овие совети?