Ако не можете да одговорите со „да“ на овие прашања, тогаш не сте вистински среќни

Сподели

Животот се состои од подеми и падови, тоа е веќе јасно. Нештата не можат секогаш да се одвиваат во онаа насока каде што вие би сакале да одат. Некои луѓе се преселуваат, некои остануваат, некои добиваат унапредување, додека други се отпуштаат, љубовта доаѓа исто како што заминува… Но, ова не значи дека не можете да најдете светлина во вашата моментална ситуација и да сфатите дека всушност сте многу посреќни одошто сте мислеле. Погледнете ги следниве 9 прашања кои доколку можете да ги одговорите потврдно, тогаш сте вистински среќни.

Реклама

rn

1. Дали често забележувате дека сакате повеќе одошто имате?

rnЗа да бидете вистински задоволни во секоја фаза од вашиот живот, вие мора да научите да работите за поголеми цели, додека истовремено го прифаќате тоа што моментално го имате. Бидете благодарни дури и на најмалите и навидум незначајни ситници во вашиот живот и стремете се кон повеќе.rn

2. Дали сте перфекционист?

rnИ покрај тоа што тежнеењето кон најдоброто е одлична мотивација, ограничувањето на вашата перфекција може да ве одведе кон неуспех и чувство на несреќа за ситуацијата во која моментално се наоѓате.rn

3. Дали работевте најдобро што можете за да стигнете до овој момент во вашиот живот?

rnТрикот за да бидете среќни е да знаете како да погледнете наназад со мислата дека сè што се наоѓа пред вас во овој момент е резултат на тешката работа која сте ја завршиле.rn

4. Дали имате крајна цел и дали активно работите на нејзиното остварување?

rnИмањето цел и посакувањето на истата се две сосема различни концепти. Доколку активно се борите за вашата цел, вие ќе бидете многу позадоволни од тоа што ќе го постигнете. На тој начин ќе бидете и посреќни со секоја промена, без разлика колку е мала.rn

5. Дали си одвојувате доволно време за одмор како што правите и за работа?

rnДоколку постојано сте под стрес поради работата, тогаш без сомнение ќе паднете во незадоволство. Запомнете секојдневно да си одвојувате време за себе и опуштање, во спротивно не би можеле да го видите напредокот кој секојдневно го постигнувате.rn

6. Ако се запознаете себе како друга личност, дали би биле пријатели со вас?

rnМногу е тешко да се видите себеси во туѓи очи, па затоа направете еден чекор наназад. Дали сте добри пријатели? Дали сте себични? Дали би си верувале со тајните или пак, никогаш не би можеле да се потпрете на вас?rn

7. Дали сфаќате дека не е сè статично и дали можете да прифатите промена?

rnНекои луѓе се несреќни само затоа што се чувствуваат премногу удобно. Но, промените не можат да се избегнат. И покрај тоа што тие можат да бидат многу мали, потребно е да знаете како да ги прифатите сите оние нешта кои животот ги фрла на вашиот пат.rn

8. Дали наоѓате време да се пофалите за вашите постигнувања?

rnКако би можеле да бидете среќни кога никогаш не го признавате тоа што досега сте го постигнале? Не чекајте награда од некој друг, наградете се самите.rn

9. Дали повеќе се смеете одошто плачете?

rnОва можеби ќе ви звучи очигледно, но понекогаш не сме свесни за фактот колку сме преплавени со негативни емоции сè додека тие не исчезнат. Фокусирајте се на оние нешта кои ве смеат и обидете се да се движите во нивна насока.

Популарно

Може ќе ве интересира