Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

Сподели

Како илустратор на детски книги и дизајнер на ликови за анимација и анимирани филмови, но и голем љубител на класичните бајки од Дизни, Аноша нацртала една серија илустрации во кои ги прикажува познатите принцези како млади девојки од 21-от век. Таа се обидела да ја задржи автентичноста на оригиналните карактери на принцезите, паралелно претставувајќи го нејзиното мислење за нив и после секоја илустрација напишала мала приказна која опишува каков живот би имале тие ако би живееле во денешно време.rn

Реклама
Реклама

1. Мерида како панк рокер

rnСпоред приказната на Аноша, Мерида е млада бунтовничка која сака да јава коњи секој викенд и да зема часови по стрелаштво. Таа го обожава британскиот панк рок и нејзиниот омилен бенд е „Mor’du“.rn

Реклама
Реклама

2. Снежана како кралица на социјалните мрежи

rnСнежана, уште позната како @poison_apple7, ја сака природата, старата мода и старите филмови. Таа никаде не оди без својот ајфон и има голем број следачи поради нејзината скромна природа и фактот што ги охрабрува сите да се сакаат себеси, бидејќи убавината доаѓа во секакви форми и големини.rn

3. Ариел како антрополог

rnСпоред Аноша, Ариел сака да учи за луѓето и различните култури. Нејзиниот татко нема да биде многу среќен кога ќе дознае дека таа студира антропологија, бидејќи тој отсекогаш сакал Ариел да биде морски биолог, но сепак ќе ги прифати и почитува желбите на неговата омилена ќерка.rn

Реклама

4. Покахонтас како лингвист

rnПокахонтас, поради љубовта кон различните јазици и нејзиното потекло, е студент по лингвистика и повремено работи како преведувач. Исто така, таа го сака адреналинот и обожава да планинари, да кајакари и да нурка. Нејзиниот сон е да работи како културен советник во филмската индустрија за да може да се погрижи дека холивудските филмови ќе ги почитуваат различните култури и ќе ги прикажуваат точно и оригинално.rn

5. Есмералда како балерина

rnСпоред приказните на Аноша, Есмералда се преселила во Франција кога имала 16 години и станала главна балерина во една престижна балетска компанија. Таа напорно работела и се соочувала со многу предрасуди и стереотипи, но никогаш не ги заборавила своите корени. Затоа таа секогаш присуствува на протестите за права на емигрантите. Таа го обожава Париз, но нејзиното омилено место е Богородичната црква.

Најново

Може ќе ве интересира