КАФЕ ПАУЗА

7-дневен план за вежбање со цел да изгледате одлично голи

Дали ви е здодеано да се пресоблекувате набрзина со цел да избегнете да се гледате во огледало? Дали се чувствувате неудобно во вашата кожа? Можеби е време да направите промена во вашиот живот која ќе ви помогне да се чувствувате одлично кога сте голи! Доколку редовно вежбате и правите поздрав избор во исхраната, тогаш без сомнение ќе изгледате жешко и без облека. Сакате да добиете поголема самодоверба? Следете го следниов 7-дневен план со цел вашето тело да стане секси и силно, а доколку сакате уште подобри резултати, повторувајте го и понатаму.rnrn7-дневен план за да изгледате одлично голиrn

Ден 1: Обујте ги вашите омилени штикли

rnЗа намените на оваа вежба треба да заборавите на патиките и да вежбате во високи потпетици. Можеби ви звучи малку нетрадиционално, но на овој начин не само што ќе ја скршите досадата туку и инстантно ќе добиете повисока самодоверба.rnrnrn

Ден 2: Фокусирајте се на вашиот задник

rnВие ќе се чувствувате одлично во својата кожа доколку редовно одвојувате време за вежби кои се однесуваат на обликување на вашиот задник. За само 15 минути ќе можете да ги почувствувате ефектите и ќе бидете чекор поблизу до задник кој без сомнение ќе привлекува внимание.rnrnrn

Ден 3: Оформете ги вашите стомачни мускули

rnТретиот ден од овој 7-дневен план е целосно насочен кон затегнување и тонирање на вашите стомачни мускули. Оваа вежба која е водена од тренери со огромен ентузијазам ќе ви помогне да ја добиете најдобрата активност која води до совршен стомак.rnrnrn

Ден 4: Почувствувајте ја енергијата

rnОставете го чоколадото и зграбете ја вашата спортска облека. Со помош на овие интензивни вежби, на 4-от ден вие многу добро ќе се изморите и испотите. По завршувањето на вежбањето, ставете пешкир околу вашиот врат и изедете една јаболка.rnrnrn

Ден 5: Вклучете ги теговите

rnЗголемете го топењето на калориите така што ќе поминете низ оваа 28-минутна рутина за вежбање. Со помош на овие кардио вежби, вие совршено ќе го обликувате вашето тело и ќе бидете доволно силни за да го зголемите интензитетот на вашиот фитнес распоред.rnrnrn

Ден 6: Чувствувајте се одлично

rnОвој ден треба да работите малку повеќе со цел да го доведете вашето тело до совршенство. По завршувањето на овие вежби од 23 минути, вие не само што ќе бидете испотени, туку нема да можете ни да ја намалите насмевката на вашето лице. Па ајде, што чекате?rnrnrn

Ден 7: Вежбајте со целото тело

rnОвој ден поставете си огромен предизвик и одвојте 1 час и 8 минути за вежби кои се однесуваат на целото тело. Откако ќе завршите, вашето тело, од глава до пети, ќе ви биде благодарно за издржливоста и трудот. Па, подготвени сте да почнете? Ве предизвикуваме!rnrn