Како правилно да ги користите сунѓерчињата за шминка?

Како правилно да ги користите сунѓерчињата за шминка?

Во последно време премногу се зборува за сунѓерчињата за лице и тоа не е случајно. Постои причина зошто ги гледате во секое мејкап видео на Јутјуб, но зошто и сите мејкап артисти ги користат. За некои од нас, тие можат да делува комплицирано, во што има вистина, па затоа и се придржуваме до веќе познатите четки кои доаѓаат во различни големини и облици. Навистина, четките се незаменливи и никогаш нема да престанеме да ги сакаме и користиме. Но, сунѓерчињата имаат своја цел, која на некој начин е незаменлива. Ако веќе се одлучивте да купите сунѓерче за шминка, еве како да го одржувате и да се грижите за него, за тоа да ви трае што подолго.

1-kako-pravilno-da-gi-koristite-sungjerchinjata-za-shminka-www.kafepauza.mk_

1. Користете го вашето сунѓерче мокро

Пред секое употребување задолжително намокрете го вашето сунѓерче! Ставете го под млаз вода и оставете го да се натопи. Потоа исцедете го за да биде влажно. На тој начин, подеднакво ќе ја нанесете течната пудра и со тоа ќе ги избегнете трагите кои би останале доколку е суво. Исто така, завршницата на пудрата ќе биде полесна и повеќе хидрирана.

2. Измијте го сунѓерчето после секое користење

Познатите шминкери предлагаат благо перење на сунѓерчето после секое користење, а еднаш неделно е потребно длабинско перење. Немојте премногу да размислувате како треба, бидејќи обичниот сапун за раце е одличен за тоа! Доколку е премногу валкано, можете да го оставите да отстои преку ноќ во вода со сапун. Немојте премногу да го стискате додека го перете, особено ако имате нокти, бидејќи можете да го оштетите. Затоа, стискајте го само помеѓу дланките.

3. Внимавајте да се исуши убаво

Доколку планирате вашето сунѓерче да го спакувате во несесер и да го носите со себе, морате да бидете сигурни дека е потполно исушено. Ако се случи да остане подолго време затворено и влажно, може да фати мувла, а тоа не е добро за вас и вашата кожа.

2-kako-pravilno-da-gi-koristite-sungjerchinjata-za-shminka-www.kafepauza.mk_

4. Немојте да го ставате во микробранова печка

Ако сте читале малку повеќе за одржувањето на сунѓерчињата, сигурно сте виделе дека некои предлагаат да го ставате во микробранова печка, за да го исчистите од бактериите. Тоа немојте воопшто да го правите. Вистина е дека топлината ги убива микроорганизмите, но овие сунѓерчиња се чувствителни на топлина и можете да предизвикате контра ефект.

5. Го имате сунѓерчето премногу долго?

По некое непишано правило, сунѓерчето треба да се менува на секои 3 месеци. Доколку го чувате подолго од тоа време, ќе започне да ги губи своите својства и ќе започне да се кине. Затоа, настојувајте да го менувате почесто.

Кога зборуваме за цената на сунѓерчињата, тие варираат од доста евтини до премногу скапи. Избирајте ги спрема вашиот буџет, но во секој ранг може да се најдат добри и лоши. Среќно со користењето и се надеваме дека дознавте нешто повеќе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар