Изгледа дека веќе секој ден некој дава отказ од својата здодевна работа со цел да патува ширум светот. Но, за разлика од повеќето луѓе, Кирстен Рич ја открила тајната како да биде светски патник додека истовремено е и платена за тоа.rnrn
rnrnНазад, во 2011-тата година, оваа девојка од Калифорнија решила дека е време за голема промена. Токму затоа дала отказ, ги спакувала куферите, се качила на авион и воопшто не погледнала наназад. Денес, таа истражува егзотични локации и го документира нејзиното неверојатно искуство на својот блог, „The Blonde Abroad“, како и на Инстаграм.rnrnНо, водењето успешен блог за патување не е толку лесно како што би помислиле. Таа објаснува:rn
„Ако сакате да почнете со блог кој ќе ви ги покрива вашите патувања, има големи шанси да не успеете. Токму затоа и треба да започнете со чисти намери, тешка работа и упорност. Ако се движите со тоа темпо, на крајот едноставно ќе се сакате себеси за постигнатиот успех.“
rn
rnrnДосега таа успеала да посети 50 држави од нејзината листа за патување и нема намера да забави во скоро време. Погледнете ги следниве фотографии кои ги покажуваат неверојатните авантури на оваа 27-годишна девојка која ќе ве инспирира и вам да преземете драстични мерки со цел да бидете навистина среќни во вашиот живот.rnrn















