Престојувањето во ладни области можеби не звучи како идеалната ситуација во која би можеле да се најдете, но токму поради ниските температури кои таму владеат можат да се формираат неверојатни атмосферски феномени на небото кои со себе носат непроценливо прекрасни погледи.rnrn
rnrnКога термометарот покажува бројки кои се блиску до точката на замрзнување, во воздухот се формираат рамни, хексагонални кристали од мраз. Во оној момент кога ќе се создадат доволно вакви кристали од мраз, тие можат да рефлектираат силни извори на светлина (како сонцето или уличните ламби) и последователно да формираат светлосни столбови на небото.rnrnВо текот на денот, светлосните столбови можат да се појават кога сонцето заоѓа и тогаш се нарекуваат сончеви столбови. Навечер, овој феномен изгледа уште поинтересно и помагично, што би ги објаснило многуте пријави за НЛО од луѓето. Но, иако изгледаат малку чудно, светлосните столбови се всушност една многу ретка појава и совршено ја покажуваат убавината на нашата атмосфера. Погледнете.rnrn
Редок небесен феномен кој се формира само на ниски температури












