Овие работи сите жени ги доживуваат како неверство

Сподели

Под неверство не се подразбира само секс и физичка интимност со друга личност. Барем не за жените. Тие следниве работи ги доживуваат исто како неверството.

Реклама

rn

1. Разговарање со друга жена за проблемите во врската

rnАко жената дознае дека нејзиниот партнер зборувал, со својата колешка или другарка, за негативни работи во врска со неа, тогаш таа со причина тоа ќе го разбере како предавство. За сè што му смета на нејзиниот партнер, нејзините навики, однесување, изглед, тој би требало да разговара со неа, а не со други личности, особено не со оние од женски пол. Штом на друга личност ѝ се откриваат детали од својот интимен живот, значи дека постои блискост, што жената ќе ја доживее како потенцијална опасност за нејзиниот однос.rn

2. Состанок со друга жена на „вашето“ место

rnМожеби намерата не му била лоша, ниту пак изневерувањето му паднало на памет, но ако го видите вашиот партнер со друга жена на „вашето“ место, со сигурност ќе се налутите и тоа ќе го доживеете како предавство. Жените во овој случај имаат оправдана причина за лутење, бидејќи тие ги поврзуваат тие специјални и посебни места со заедничките спомени, а вметнувањето на друга жена ја доживуваат како заземање на нивната територија.rn

3. Мечтаење за друга жена

rnМногу малку жени ќе ја прифатат помислата нивниот партнер во текот на сексот да ја замислува својата колешка, бивша девојка, другарка… На уште помалку дами ќе им годи фактот дека нивниот партнер емотивно мечтае за некоја друга жена. Затоа, генерално, жените не сакаат да знаат вакви тајни, бидејќи тоа ќе им ја намали самодовербата и ќе ги натера да се посомневаат во чувствата на својот партнер.

Популарно

Може ќе ве интересира