Животот на улица преку колоритни цртежи
Во уметничките дела на Кал Гајоум ќе почувствувате топлина и необична енергија, која е често игнорирана од страна на современите уметници. Неговите цртежи се во исто време модерни и традиционални, моќни и деликатни, комплексни и едноставни.Тој работи со акварел и техника на масло, но специфично во неговата работа е начинот на нанесување на боите, за што користи нож. Резултатот од ова се прекрасните илустрации на Лондон, Париз, Њујорк…Цртежите на Кал се исклучително колоритни и за миг го обземаат просторот во кој се наоѓаат. Тоа не е така само затоа што овој уметник го апсолвирал овој стил на цртање, туку и затоа што тој ја обожава својата работа и тоа се гледа во секоја негова слика. Препознатлив знак на Кал се црвените чадори, кои вметнати во овие живописни цртежи ја прават неговата колекција беспрекорна.