Емоционално неверство: 5 знаци дека го изневерувате партнерот со вашиот пријател

Емоционално неверство: 5 знаци дека го изневерувате партнерот со вашиот пријател

Кога станува збор за неверство, многумина најпрво ќе опишат страсна и интимна ноќ со тајна личност која секако, не е вашиот партнер. Но, дали сте знаеле дека неверството може да се јави и во облик на пријателство? Погледнете ги следниве 5 знаци кои укажуваат дека можеби имате љубовник без да бидете свесни за неговото присуство…

emocionalno-neverstvo-5-znaci-deka-go-izneveruvate-partnerot-so-vashiot-prijatel-www.kafepauza.mk

1. Често зборувате за него

Најдобриот начин да откриете дали вашето пријателство ги надминало границите е да размислите колку време трошите размислувајќи за оваа личност. Пресметувањето е многу едноставно – колку повеќе размислувате за оваа личност, толку посилни се вашите емоции за него, а со тоа стануваат и понејасни во вашите мисли.

2. Кога разговарате со него се чувствувате поразлично, но подобро

Поголемиот дел од емоционалните афери предизвикуваат неверојатно силни емоции кај оние кои се нашле во нив. Емотивните прељубници, по дружењето со овие „пријатели“, се чувствуваат подобро, поведро, посреќно и поисполнето, па затоа и едвај го чекаат следниот контакт, без разлика дали се работи за порака или за излегување на пијалак.

3. Го криете пријателството од партнерот

Најголемото прашање кое може да ви открие дали имате емоционален љубовник е дали би можеле да му кажете на вашиот партнер за односот со овој „пријател“. Со оваа тајност вие потсвесно го криете фактот дека сте ги надминале границите на пријателството кое набрзо може да се претвори во нешто многу поинтимно.

4. Го споредувате со партнерот

Без разлика дали е физички или емоционално, неверството започнува кога во врската се појавуваат неистражени желби и потреба кај еден од партнерите. Поголемиот дел од емоционалните авантури настанува поради тоа што таа личност се чувствува запоставена од својот партнер. Таа празнина се пополнува со друга личност за која почнувате да размислувате дали е подобар избор за вас од моменталниот партнер.

5. Замислувате интимни моменти

Поголемиот дел од емоционалните афери не стануваат физички. Но, без разлика на тоа што во оваа авантура нема физички допир, тоа не значи и дека нема сексуална тензија. Фантазијата е неверојатно оружје кое е уште помоќно доколку е поддржано од зборови. На тој начин станува исто толку силна како и физичкиот контакт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар