КАФЕ ПАУЗА

Не постојат грешки, туку само лекции: 10 златни животни правила

Учењето е еден непрекинат процес кој започнува од денот кога се раѓаме и паралелно нè следи како што растеме и се развиваме понатаму. На овој животен пат се сочуваме со предизвици, но и со шанси за кои само ние одлучуваме дали ќе ги прифатиме или не. Сите овие предизвици и шанси носат бројни лекции кои со тек на време ќе ги научиме и ниту една од нив не е помалку важна од другата. Ова се 10-те златни животни лекции.rnrnНе постојат грешки, туку постојат лекции – 10 златни правила на живототrn

1. Ќе го добиете она тело кое ви одговара

rnМожеме да го сакаме или да го мразиме, но тоа ќе биде со нас целиот наш живот.rn

2. Лекциите се насекаде околу вас

rnСекој од нас е редовен студент на неофицијалното училиште кое се вика Живот. Во него, секојдневно ќе имаме шанси да учиме одредени лекции. Ние избираме кои ќе ги учиме, кои ни се допаѓаат, а кои ќе ги класифицираме како неважни.rn

3. Не постојат грешки, туку само лекции

rnРастот и развивањето е процес на експериментирање кој е проследен со многу обиди и грешки. Неуспешните експерименти се исто толку важен дел од овој процес како и оние кои успеале.rn

4. Лекцијата се повторува сè додека не се научи

rnЛекцијата доаѓа во различни форми и облици сѐ додека не ја научиме. Во оној момент кога ќе ја научиме и разбереме, можеме да преминеме на следната.rn

5. Учењето никогаш не запира

rnНе постои период од животот кој нема своја лекција. Ако сме живи и ако вистински живееме, тогаш има и некоја лекција која треба да ја научиме.rn

6. „Таму“ не е подобро од „тука“

rnКога нашето „таму“ ќе стане нашето „тука“, ќе се појави некое друго „таму“ кое повторно ќе изгледа подобро од моменталното „тука“. Токму затоа и треба да се фокусирате на тоа што во овој момент го имате и неизмерно да го цените.rn

7. Ќе се огледате во другите

rnНам не ни се допаѓа одредена карактерна црта кај другите луѓе само доколку истата ја мразиме и кај себе. Никогаш не го заборавајте тоа.rn

8. Првенствено од вас зависи каков живот ќе водите

rnНие ги поседуваме сите способности и особини кои ни се потребни. Од нас зависи како ќе ги употребиме – изборот е само наш.rn

9. Решението е во вас

rnОдговорите на животните прашања лежат во нас. Потребно е само да ги вклучиме сетилата, да гледаме, да слушаме и да веруваме. Со доволно трпение, ќе откриеме сè што ни е потребно.rn

10. Ќе заборавите сѐ што досега прочитавте.

rnКолку и да се трудите, вие нема да го запомните ова. Барем не на свесно ниво. Но, тоа не значи дека овие животни лекции нема да ве водат кон вистинската насока.