10 цитати на познат индијански поглавар кои ќе ве натераат да се преиспитате за денешното општество

Мудрости од познат индијански поглавар кои ќе ве замислат за денешното општество

Лутер Стоечката Мечка бил поглавар на индијанското племе Огала Лакота Сијукс, кој, со помош на ретките пријатели го задржал начинот на живеење на домородното население на Големата рамнина пред и по доаѓањето на европските пионери, како и нивното дополнително проширување. Тој растел со традициите и обичаите на неговиот народ до својата 11-та година, а потоа се образувал во Индијанскиот индустриски институт Карлајл во Пенсилванија, каде ги научил англискиот јазик и англискиот начин на живеење.

Мудрости од познат индијански поглавар кои ќе ве замислат за денешното општество

Неговите домородни корени биле длабоки, правејќи го Лутер единствениот канал и преносител помеѓу културите. Неговото движење и социјализирање во светот на „белците“ не било без успех, тој имал и бројни филмски улоги во Холивуд: неговото истрајно наследство било заштита за начинот на живеење на неговите луѓе. До својата смрт објавил 4 книги и станал водач на прогресивното движење за зачувување на татковината и суверенитетот на домородците од и во Америка, односно на вистинските американци, и така станал нашироко познат како силен глас во образувањето на белците за животот на домородното население.

Следуваат 10 цитати на големиот индијански поглавар кои сигурно ќе стават многу работи за денешната „модерна“ култура под еден голем знак прашалник.

1. Пофалбите, ласкањата, претераната пристојност, префинетоста и големите зборови не биле дел од карактерот на народот Лакота. Манирите биле сметани за неискрени, а постојаниот говорник се сметал за непристоен и непромислен. Разговорот никогаш не се започнувал одеднаш или на забрзан начин.

2. Децата биле учени дека вистинската пристојност се дефинира со делата, а не со зборовите. Тие никогаш не смееле да поминат помеѓу огнот и постарите личности или гостите и посетителите и не смееле да зборуваат или да исмејуваат онеспособена личност. Ако детето несвесно се обидело да го направи ова, родителот веднаш морал со тивок глас да го укори.

3. Молчењето било значајно кај народот Лакота, па затоа и пред разговорот се практикувало како дел од вистинска пристојност, осврнувајќи се на правилото „Мислата доаѓа пред зборот“. Во тага, смрт, несреќа, како и во присуство на истакнати и големи личности, молчењето било знак на почит. Строгото придржување кон ова начело на добро однесување е без сомнеж причината поради која белците лажно го карактеризирале како стоичко однесување.

4. Никогаш не сме ги гледале големата рамнина, прекрасните брегови и долгите потоци со заплеткан тек како „диви“. Само на белецот природата му е „дива“ и само нему му е „заразена со диви животни“ и „диви“ луѓе. За нас сѐ ова беше питомо. Земјата беше богата и бевме опкружени со благословите на Големата Тајна.

5. Со сите суштества на земјата, небото и водата, постоело активен принцип. Во животинскиот и птичјиот свет постоело братско чувство кое правело народот Лакота да се чувствува сигурен меѓу нив. Некои од нив станале толку блиски со своите пердувести и крзнени пријатели, што во вистинското братство говореле на заеднички јазик.

6. Овој концепт на живеење бил хуман и им дал трајна љубов на народот Лакота. Го исполнил нивното битие со радост и таинственост на животот, им дал почит за целиот живот и сѐ што постои било третирано со еднаква важност и вредност.

7. Се верувало дека е добро кожата да ја допира земјата, па затоа старите луѓе сакале да ги извадат своите мокасини и да одат боси по светата земја. Стариот Индијанец сѐ уште седи на земја наместо да се тргне понатаму од силата која го дава животот. За него, седењето или лежењето на тлото значи размислување за длабочината и чувството на сила. Вака, може подобро да се разбере тајната на животот и да се приближи во сродство со другите животни.

8. Сѐ поседува личност и карактер, само тие во својот облик се разликуваат од нашите. Знаењето и значењето биле својствени за сите нешта. Светот бил книжара чии книги биле камењата, листовите, тревата, потоците и птиците, животните кои делат подеднакво со нас, бурите и благословената земја. Научивме да го правиме само она што ученикот на природата го учи, а тоа е да ја чувствува убавината. Никогаш не сме ги потценувале бурите, жестоките ветришта, остриот мраз и снег. Да го правиме тоа значи да ја зголемуваме човечката заблуда, па сѐ што дошло го прилагодивме на себе, со повеќе труд и енергија ако е потребно, но без никаков приговор.

9. Стариот Лакота Индијанец бил мудар. Знаел дека човечкото срце кое е далеку од природата станува тврдо. Знаел дека недостатокот на почит за растенијата, како и за сите живи нешта набргу резултира и со недостаток на почит кон луѓето, па затоа своите деца ги држел блиску до влијанијата на природата.

10. Цивилизацијата ми е наметната и не претставува ниту трошка од мојата љубов кон вистината, почитувањето и великодушноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар