Ова е период кога размислуваме за промени, за нови почетоци и што понатаму. Новата година е шанса за почнување одново, а сите ние имаме прилика да го направиме тоа преку следните 16 работи.
rn
1. Решавајте ги проблемите поинаку – прошетајте
rnПред, после или за време на некој проблем, прошетката може многу да ви помогне. Оладете ја главата и ослободете го умот, па погледнете ги работите од свежа перспектива.rn
2. Справете се со анксиозноста поинаку – медитирајте
rnСакале или не, стресот ќе си најде начин да влијае на вас. Но, медитацијата е совршено оружје за одбрана. Одберете да се чувствувате подобро, да спиете поубаво, да бидете посреќни.rn
3. Совладајте ги пороците – намалете сѐ што е премногу
rnСѐ што е премногу не е на арно, па така и секоја работа која ја правите претерано многу, колку и да не ви изгледа штетна. Јадете помалку, пијте помалку, нервирајте се помалку.rn
4. Променете ја исхраната – додадете нешто
rnНекогаш, токму додавањето нешто плус во исхраната е тоа што ви треба за да се чувствувате удобно во своја кожа. Денес витамин повеќе, утре можеби некое колаче.rn
5. Размислете што сѐ сакате да направите – запишете го тоа
rnЛистата на нешта кои сакате да ги направите е секогаш добра идеја. Уште подобра идеја е конечно да ги запишете некаде овие работи – чувството кога ги шкртнувате како што си ги остварувате е бесценето.rn
6. Расположете се – правете нешто што ве радува
rnСмеата го подобрува секој аспект од вашиот живот – физички и психички, смеењето прави и да изгледате и да се чувствувате поубаво. Впуштете се конечно во нешто што ве радува.rn
7. Обновете ги врските – договорете состанок со стар пријател
rnСе сеќавате ли на старите пријатели од средно училиште со кои поминавте толку убави моменти? А кога последен ги видовте? Не е тешко – земете го телефонот во рака и свртете го нивниот број. Луѓето со кои сме блиски се оние кои го исполнуваат нашиот живот.rn
8. Реорганизирајте го распоредот – направете простор за забавните работи
rnКога се сака, сѐ се може. Па така, немојте да се предавате пред исполнетиот распоред со обврски и направете место за нешто во кое навистина уживате правејќи го. Подобро расположение, посконцентриран ум за извршување на обврските, повеќе слободно време.
rn
9. Посветете ѝ се на среќата – пишувајте дневник
rnНека ви влезе во навика да ги запишувате сите убави работи кои ви се случуваат, оние за кои сте благодарни и оние кои ќе ве мотивираат да одите понатаму кога ќе се чувствувате лошо.rn
10. Повратете ја креативноста – ослободете се
rnИако можеби не ви делува така, креативното дете се крие некаде во вас, веројатно премногу добро. Но, не плашете се да му дадете шанса повторно да излезе на површина, бидејќи голема е веројатноста дека многу позитивно ќе ве изненади.rn
11. Станете попродуктивни – посветувајте се на една работа во моментот
rnНе постои такво нешто како мултитаскинг – со сигурност ќе потфрлите во една од многуте работи кои се обидувате одеднаш да ги завршите. Наместо тоа, одлучете да бидете продуктивни, бидејќи многу побрзо и подобро ќе ги завршувате работите кога ќе ги работите една по една.rn
12. Почнете да сонувате – оставете ги досадните работи на страна
rnНикогаш не е предоцна да почнете да сонувате. Можеби не ви се допаѓа тоа што го работите – што друго би работеле? Не ви се допаѓа местото каде што живеете – каде би сакале да отидете? Ви недостасува возбуда во досадното секојдневие – на која авантура ќе ѝ се препуштите?rn
13. Разбудете ја совеста – извинете се некому
rnНова година, нов почеток и чиста совест. Постои ли нешто подобро од ова? Сигурно има нешто за коешто се каете, некому кому сте погрешиле, некого кого сте повредиле. А бидејќи не постои ништо подобро од искреното извини, направете го тоа.rn
14. Одберете нова авантура – отпатувајте некаде
rnПолнењето на батериите е неопходно, а патувањето е совршен начин да го направите тоа. Дури и кога станува збор само за желбата за нови места и авантури, не се воздржувајте да го направите тој чекор и да уплатите патување во најскоро можно време.rn
15. Полнете ги батериите – наспијте се
rnМожеби мора да станете рано, но тоа не значи дека не можете да легнувате еден час порано од вообичаено. Ценете се себеси, своето тело и енергија и дозволете си да одморите онолку колку што навистина ви е потребно.rn
16. Контролирајте ја зависноста од технологија – излегувајте повеќе
rnЕден час помалку на телефон значи еден час повеќе вистинско живеење. Наместо да пишувате пораки, излезете на кафе; наместо да скролате по Фејсбук, одете на забавата за која веќе се пријавивте да одите; наместо да сурфате на интернет, поспијте еден час повеќе.

