КАФЕ ПАУЗА

10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

Освен што презентираа и добиваа награди, ѕвездите на синоќешното 73-то по ред издание на наградите „Златен глобус“, заблескаа со модни комбинации кои варираа од темна елеганција до жешката и огнена црвена боја која соодветствуваше со познатиот црвен тепих.rnrn10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“rnrnПогледнете кои беа 10-те најдобро облечени дами на вечерта:rn

1. Тараџи П. Хенсон

rn10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“rnrnТараџи го прошета црвениот тепих во целосно бела вечерна тоалета на Стела Мекартни. Актерката го закити својот изглед и со еден златен глобус за најдобра изведба на актерка во ТВ серија/драма за нејзината улога на Куки во серијата „Империја“.rn

2. Џејми Александар

rn10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“rnrnЏејми носеше темно зелен фустан во креација на италијанската модна дизајнерка Џени.rn

3. Џоан Фрогарт

rn10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“rnrnЏоaн изгледаше гламурозно, покажувајќи го своето длабоко деколте.rn

„Слатко е и горко истовремено. Убаво е што луѓето сѐ уште се возбудени за тоа“, рече Фрогарт за финалето на серијата „Дантон Аби“.

rn

4. Бри Ларсон

rn10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“rnrnБри изгледаше прекрасно во златен, рачно изработен фустан на Келвин Клајн.rn

„Во ред сум. Сега сум внатре во телевизорот. Се чувствувам заштитено, како да го имам оклопот на Јованка Орлеанка на мене“, вели Бри.

rnТаа го доби златниот глобус за најдобра изведба на актерка во главна улога во филм/драма, за филмот „Соба“.rn

5. Џенифер Лоренс

rn10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“rnrnЏенифер изгледаше одлично во нејзиниот софистициран црвен фустан во креација на Диор, во комбинација со прекрасен сребрен накит. Актерката го доби и Златниот глобус за најдобра изведба на актерка во главна улога во филм/комедија или мјузикл, за филмот „Џој“.rn

6. Џина Родригез

rn10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“rnrnЏина Родригез заблеска во вечерна тоалета во креација на Зек Позен.rn

7. Џудит Лајт

rn10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“rnrnЏудит изгледаше фантастично во белиот костум кој одлично ѝ прилегаше на нејзиниот стил.rn

8. Лејди Гага

rn10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“rnrnЛејди Гага го врати гламурот на „стариот Холивуд“ со рачно изработениот фустан на Версаче. Пејачката го доби и Златниот глобус за најдобра актерка во лимитирана ТВ серија или ТВ филм за нејзиниот перформанс во серијата „Американска хорор приказна“.rn

9. Рејчел Мекадамс

rn10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“rnrnРејчел се одлучи за цветен фустан во креација на Ланвин. Taa го дополни изгледот со смел црвен кармин.rn

10. Амбер Херд

rn10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“rnrnАмбер изгледаше прекрасно во скромен, розов фустан. На наградите беше сама, без придружбата на Џони Деп.