Во секоја љубовна врска или брачна заедница постојат проблеми и работи кои ѝ сметаат и на едната и на другата страна. Но, сѐ уште не е доцна да ја спасите или подобрите вашата врска. Следуваат 8-те најчести работи кои сигурно ви сметаат и вам, а најмалку што можете да направите е да разговарате за нив со партнерот. Нема што да изгубите.rnrn
rn
1. Неуредност
rnСамо затоа што целиот нивен живот живееле со своите мајки кои трчале по нив и не ги научиле на основна домашна хигиена, не значи дека треба да дозволите вашиот партнер да се однесува како да има 3 години. Крајно време е тој да порасне!rn
2. „Загледување“ во други жени
rnЗнаеме дека е невозможно да не се забележуваат другите жени, но барем би можеле да се воздржат кога се во ваша близина.rn
3. Претерана социјализација на забави
rnСе разбира дека ќе комуницирате со други луѓе, тоа е и поентата на забавите, но тоа не значи дека не треба да се видите на забавата од моментот кога пристигнавте до моментот кога ќе си одите дома.rn
4. Делумно слушање
rnГо слушаат секој десетти збор кој го кажувате, пола од нив не ги дослушуваат, а пола ги сфаќаат погрешно. Секако, не се само тие виновни туку и вие, бидејќи зборувате премногу.rn
5. Неодговарање на пораки
rnБезброј тривијални изговори. Вие не сакате изговори, вие сакате одговори.rn
6. Незастанување на ваша страна во некој конфликт
rnНе е важно со кого се расправате, ниту пак на која тема се расправате. Едноставно, за промена, би било добро тој да ве поддржи.rn
7. Неразбирање на реалната состојба на вашата свест
rnЗнаеме дека е невозможно да ги читате туѓите мисли, но личноста со која сте во врска би требало по вашето однесување да може да заклучи дали сте тажни, бесни, весели, како и дали тие се виновни за вашата моментална состојба.rn
8. Злобни и невкусни шеги на ваша сметка
rnТука нема потреба од коментар, но се подразбира дека возвраќањето со иста мера значи директен напад на неговото его.
