Зошто некој „зрачи“? Откријте кои се 4-те типови привлечност
Сите ние сме благословени со одреден изглед. Меѓутоа, постојат повеќе „состојки“ во целосниот микс што ја прават една личност привлечна, а физичката привлечност е само една од четирите клучни елементи. Некои карактерни особини се вродени, а некои пак ги стекнуваме. Во двата случаи, тие се главните компоненти кои нè прават некому привлечни.
Во продолжение прочитајте за 4-те типови привлечност, од кои третата е космички определена:
1. Динамичка привлечност
Начинот на кој се изразувате, поточно вашиот динамички изглед е оној кој ве прави атрактивни и привлечни. Или можеби не. Ова е всушност оној тип привлечност кој го претставува говорот на телото. Тој ги вклучува и изразувањето на емоциите и самиот карактер, па еден од важните елементи е и харизмата. Вашите уверувања, ставови, карактерни црти, таленти, самодоверба и слични нешта кои „зрачат“ од вас… Сите тие се дел од динамичката привлечност на личноста. Позитивното изразување – насмеаното лице, оптимистичкото темпо, интересот за соговорникот, како и изразот на лицето и очите исто така се вбројуваат во првиот тип на привлечноста.
2. Околности
Многуте истражувања во психологијата покажуваат дека ситуацијата во која еден поединец се наоѓа е мошне важна. Пред сè, ни се допаѓаат и нè привлекуваат луѓе на кои и ние им се допаѓаме. Обично ја враќаме оваа наклонетост. Освен тоа, истражувањата покажуваат дека ако доживееме нешто што нè возбудува, дел од тоа возбудување можеме да го припишеме на партнерот и да му станеме уште попривлечни.
3. Статичка привлечност
Со неа сте родени – обликот на вашето лице, физичките особини, обликот на телото. Секако, физичкиот изглед се менува како што старееме, како и со лузните и пластичната хирургија, но општата физичка привлечност е компонента околу која не можете многу да направите. Кармата си е карма.
4. Претставување на себеси
Тоа ги вклучува сите работи кои еден поединец може да ги направи со својот изглед, а што го прави физички попривлечен: негата, шминката, фризурата, стилот на облекување итн. Претставувањето на себеси е елемент на привлечноста кој се постигнува со „уредување“, а кон кој сите ние сме наклонети.