Кратка загатка со неверојатно поучна порака: Дали ќе успеете да го најдете вистинското решение?

Кратка загатка со неверојатно поучна порака: Дали ќе успеете да го најдете вистинското решение?

Понекогаш можеби не ви изгледа така, но сè е можно ако доволно силно го сакате тоа. Сè што треба да направите е да се сетите да ја погледнете пошироката слика, но и да не се плашите да гледате надвор од контекстот. Ова е единствениот начин да успеете да го остварите она што вистински го посакувате. Погледнете ја оваа поучна приказна која всушност била дел од интервју за работа во кое само 1 кандидат од пријавените 200 го дал точниот одговор. Дали ќе успеете да ги надминете границите на вашите мисли и да го пронајдете вистинското решение?

Кратка загатка со неверојатно поучна порака: Дали ќе успеете да го најдете вистинското решение?

За време на една вечер во која владее страшно невреме, вие со вашиот автомобил возите кон дома. Одеднаш поминувате покрај автобуска станица каде што забележувате 3 личности:

  1. Постара госпоѓа која изгледа како да е на работ од смртта
  2. Стар пријател кој ви го има спасено животот
  3. Совршениот партнер или партнерка за кои отсекогаш сте сонувале

На која од овие личности би ѝ понудиле превоз, имајќи на ум дека во вашиот автомобил има место за само една од нив? Вие би можеле да ја земете старата госпоѓа, бидејќи умира, со цел да ја спасите. Можете да го земете и стариот пријател кој ви го спасил животот, за да му возвратите за своето добро дело. Но, не заборавајте дека можеби никогаш повеќе не би имале шанса да ја пронајдете љубовта на вашиот живот ако решите овој пат да ја оставите зад себе.

Размислете добро, што би направиле?


  • Одговор:

    Решението е многу лесно, доколку го отворите вашиот ум. Едноставно дадете му ги клучевите од автомобилот на вашиот стар пријател за да ја одвезе постарата госпоѓа во болница, а вие останете на станицата за да чекате автобус заедно со личноста од вашите соништа.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    И на крај стариот пријател ќе ја земи колата и нема да ја врати, т.е ќе исчесни хахахха..

Остави коментар