Предности и маани на ладниот воздух: Може ли да уживаме во зимската магија?

Сподели

Само што сте се вратиле од прекрасна зимска прошетка, и пред огледалото ве пречекува непријатно изненадување, вашата кожа на лицето е толку сува и затегната, а на некои делови се појавиле ситни црвени капилари. Престој на ладниот воздух – да, но по која цена? Ако се припремиме добро, нема потреба од загриженост, велат експертите. Клучот е во хидратацијата.

Реклама

rn

1. Лице

rnКозметиката на база на масла ѝ помага на кожата да ја зачува својата влажност и притоа формира заштитен слој кој ја штити од ладниот воздух и ветрот, како и од претераното сушење кое е последица од престојувањето во затворена просторија покрај радијатор.

rn

2. Тело

rnПроретчете го туширањето во зимскиот период или временски ограничете го. После 15 минути туширање со топла вода, од кожата се отстранува драгоцениот липиден слој кој има заштитен ефект.

rn

3. Усни

rnИзбегнувајте ја козметиката која содржи ланолин, многу вештачки бои и мириси, особено ако имате осетлива кожа склона кон алергии. Вистински избор се масните балзами. Навечер на усните нанесувајте сјај, а во текот на денот користете стик со УВ заштитен фактор или специјален балзам на база на цинк наменет за скијачи.

rn

4. Раце

rnРацете ги откриваат првите знаци на стареењето – бидете исклучокот кој не го потврдува ова правило. Носењето ракавици е нешто што се подразбира во зимскиот период. Кожата во текот на ноќта се регенерира и обновува, а додатно ќе ѝ помогнете ако еднаш неделно преспиете со подебел слој крема за раце.

rn

5. Позитивни страни

rnСтудот го забавува излачувањето на лојот кој ги запушува порите, па поради тоа вашето лице ќе изгледа почисто. Престојот на ладен воздух го намалува бројот на акните и мозолчињата на лицето. Освен тоа, зимските активности се благородни за јакнење на срцето и доброто функционирање на респираторните органи.

Исто така, студот ги топи килограмите – ниските температури ги активираат масните клетки кои трошат калории за загревање на телото на начинот на којшто тоа го прави тренирањето. На крајот, ладниот воздух влијае и на сонот – идеалната температура во спалната соба треба да се движи во границата помеѓу 15 и 18 степени Целзиусови.

Популарно

Може ќе ве интересира