КАФЕ ПАУЗА

Сексот ги подобрува мозочните функции

Како што старееме мозочните функции ни се намалуваат. Почнуваме да го губиме помнењето и често не можеме да се сетиме на многу работи. Ова е една од најстрашните последици на стареењето, бидејќи губењето на меморијата навистина го брише човечкиот идентитет. Но, има добри вести откако едно истражување открило добар начин за борба со губењето на меморијата.rnrn(0)-seksot-gi-podobruva-mozochnite-funkcii-kafepauza.mkrnrnИстражувањето кое било спроведено од Универзитетот од Манчестер врз 1.700 испитаници на возраст помеѓу 58 и 98 години открило дека луѓето кои се сексуално активни имаат подобри мозочни функции. Да бидеме реални, не е залудно кажано дека мозокот е важен сексуален орган.rnrnИстражувањето покажало дека третина од жените и дури повеќе од третина од мажите над 70 години сѐ уште се сексуално активни. Ова не е прва студија која ни покажува дека сексот е добар за мозочното здравје. Едно друго истражување од 2010 година ни открива дека сексуалната активност го поттикнува и развојот на клетките во хипокампусот, област во мозокот од каде што се контролира долгорочната меморија.rnrnПо сѐ изгледа имаме нова изрека: Секојдневниот секс ја чува деменцијата подалеку!