Едноставен рецепт за највкусните сарми кои некогаш сте ги пробале
Новогодишните и божиќните празници не можат да се замислат без вкусни сарми, а ако досега не сте ги направиле, овој рецепт кој ќе ве увери дека навистина не е тешко да се направат.
Потребни состојки:
- 1 кисела зелка
- 800 грама мелено говедско месо или мешано мелено месо (за 12 сарми)
- 50 грама ориз
- 1 главица кромид, ситно исечкан
- 100 до 150 грама свински врат или сланина
- Сол
- Бибер
- Црвен пипер
- 1 јајце
Начин на подготовка:
Во еден сад со топла вода ставете ги месото и оризот. Добро измешајте ја смесата, а потоа додајте го кромидот, јајцето и зачините. Одвојте 12 листови од зелката и секој наполнете го со смесата и добро замотајте. Остатокот од зелката исечете го на ленти.
Во големо тенџере, на дното, наредете од исечените парчиња зелка, а потоа додајте од исечканото суво месо, па наместете ги сармите и остатокот од зелката. Сармите можете да ги наредите во повеќе редови, во зависност од висината на тенџерето, како и нивниот број. Налејте вода за да бидат покриени сите состојки и гответе околу два часа. По потреба долевајте вода, а сармите нека се готват на тивок оган. Не мешајте ги бидејќи може да се растурат, само повремено протресете го тенџерето.