КАФЕ ПАУЗА

Колку треба да вежбате за да ја согорите вашата омилена храна?

Имаме само уште неколку денови до крајот на 2015-та, па токму затоа и луѓето ширум целиот свет се подготвуваат да ги остават зад себе своите лоши навики и да ја почнат новата година со подобра верзија од себе. Но, реалноста е дека само околу 8% од сите луѓе кои прават новогодишни планови всушност успеваат да ги постигнат своите нови цели.rnrn(0) Колку треба да вежбате за да ја согорите вашата омилена храна?rnrnЕдна од најчестите желби за новата година е губењето килограми. Па, доколку оваа цел се наоѓа и на вашата листа за новогодишни промени, тогаш време е да дознаете колку е навистина потребно да вежбате со цел ја согорите вашата омилена храна и да ја подобрите вашата фигура без притоа да почнете со диета. Па, зошто да не би почнале веднаш?rn

1. Чоколадо

rn(1) Колку треба да вежбате за да ја согорите вашата омилена храна?rnrnЕдно чоколадо од 45 грама, содржи 237 калории и 14 грама маснотии. На мажите би им требало околу 21 минута кардио вежби или 28 минути вежби со тегови со цел да го согорат изеденото, додека на жените би им требало 25 минути кардио вежби или 33 минути вежби со тегови за да го постигнат истиот ефект.rn

2. Пиво

rn

(2) Колку треба да вежбате за да ја согорите вашата омилена храна?

rnЕдна чаша пиво содржи 245 калории. За да ги согорат веднаш, на мажите ќе им бидат потребни 21 минута кардио вежби, додека пак на жените 25 минути. Од друга страна, потребни се 28 минути вежби со тегови за мажите и 34 минути за жените.rn

3. Помфрит

rn

(3) Колку треба да вежбате за да ја согорите вашата омилена храна?

rnЕдна голема порција помфрит содржи 460 калории и 22 грама маснотии. Жените би требало да вежбаат 48 минути кардио вежби или 64 минути вежби со тегови со цел да ги согорат, додека на мажите би им требало 40, односно 53 минути за истиот ефект.rn

4. Бургер

rn

(4) Колку треба да вежбате за да ја согорите вашата омилена храна?

rnЕден бургер содржи околу 490 калории и 24 грама маснотии. За да ги согорат овие внесени калории, мажите треба да вежбаат 42 минути кардио вежби, односно 57 минути со тегови. Од друга страна, на жените ќе им требаат 51 минута кардио или 68 минути вежби со тегови.rn

5. Пица

rn

(5) Колку треба да вежбате за да ја согорите вашата омилена храна?

rnПицата содржи 682 калории и 22 грама маснотии. За да ги согорат овие калории мажите треба вежбаат 59 минути кардио вежби или 79 минути во теретана, додека пак, жените 71 минута кардио или 94 минути со тегови.rn

6. Торта

rn

(6) Колку треба да вежбате за да ја согорите вашата омилена храна?

rnНа крајот на оваа листа се наоѓа тортата. Во неа има 1.710 калории и 90 грама маснотии. Мажите треба да вежбаат 149 минути кардио вежби или 199 минути со тегови со цел да ги согорат овие калории. За жените потребни се 178 минути кардио или 237 минути во теретана за истиот ефект.