22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Дали некогаш сте се запрашале дали сте во врска со вистинскиот? Или пак, дали тој е најдобриот избор за вас? Доколку вашиот партнер ги прави овие нешта, тогаш не се сомневајте во него бидејќи официјално тој е најдобриот дечко на светот. Токму затоа и треба да направите сè што е во ваша моќ за да го задржите крај себе.

1. Направил место за вас, без да го прашате

(1) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Вие не требало да го прашате за фиока во неговиот стан, тој веќе ослободил една само за вас.

2. Начинот на кој ви се додворувал бил точен опис за вашиот сегашен однос

(2) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Ако ве одвел на танцување, вие сè уште танцувате. Ако готвел за вас, тој сè уште готви… Не кажал ниту една лага за себе кога сте се запознавале.

3. Ги почитува своите бивши девојки и сè уште е пријател со некои од нив

(3) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

И воопшто не треба да се грижите за тоа. Тој едноставно не зборува лошо за девојките од неговиот живот, без разлика на тоа што се случило.

4. Ја купува онаа храна која вие сакате да ја јадете

(22) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Тој е внимателен и постојано мисли на вас

5. Ги помни дури и најмалите детали од приказната која сте му ја раскажале

(4) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Тој толку добро ве слуша, што никогаш не мора да се повторувате.

6. Се држи до својот став, но подготвен е да признае кога греши

(5) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Од една страна цврсто стои на своите верувања, но исто така е и доволно храбар да признае кога ќе згреши.

7. Токму поради тоа и неговото однесување се менува на мали и значајни начини

(6) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Тој не се потпира само на зборовите, туку и на делата кои секогаш ги следат неговите вистински емоции.

8. Ве остава да се однесувате незрело

(7) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Кога вие се однесувате како дете, тој не реагира со цел да не се почувствувате глупаво, но сепак ќе продолжи да се однесува кон вас како кон зрела личност.

9. Понекогаш го чувствувате неговиот поглед дури и ако не го гледате

(8) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Тој наоѓа милион начини да ве направи да се чувствувате посакувано.

10. Не им се смее на вашите фантазии

(9) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Отворен е да проба нови нешта, како во спалната соба, така и во животот.

11. Едвај чека да ве запознае со своите најблиски

(10) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Тој бил неизмерно возбуден кога прв пат ве запознал со своите пријатели и семејство.

12. Сака да биде со вас и тоа отворено ви го признава

(11) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Во ниту еден момент не мора да се прашате што тој чувствува за вас, вие едноставно знаете.

13. Го вреднува вашето мислење кога станува збор за купување поскапи нешта

(12) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Тој не бара ваша дозвола, туку само сака да знае што мислите вие за часовникот или моторот кои ги гледал.

14. Тој никогаш не ве навредува со погрдни зборови

(13) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Дури и кога е лут, тој никогаш не си дозволува да ве навреди. Исто како и која било друга жена во неговиот живот.

15. Не се сомнева во валидноста на ПМС-от

(14) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Дури прави и сè како што треба за да се почувствувате подобро.

16. Со него можете да зборувате за сè

(15) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Дури и за најнепријатните нешта, како одењето во тоалет.

17. Не се чувствува загрозено кога флертувате на журки

(16) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Поточно, тој знае дека љубомората води само кон проблеми, но исто така и не сака да ви го уништи стилот.

18. Го интересира што вашите пријатели мислат за него

(17) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

И никогаш не би побарал од вас да ги напуштите за да се гледате повеќе со него.

19. Не трошите премногу енергија грижејќи се за вашата врска

(18) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Секако, понекогаш може да се случи да се исплашите или да се карате, но генерално во вашата врска нема драма.

20. Најмногу уживате кога заедно не правите ништо

(20) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Вам доволно ви е да сте покрај него, во тишина.

21. Тој сака одвреме-навреме да ве изненади со нешто кое сам го подготвил

(19) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Без разлика дали станува збор за романтична вечера, или музичка плејлиста, тој обожава кога ве гледа среќни.

22. И за крај, сè уште чувствувате како да постојат милион нешта кои би ги додале на оваа листа

(21) 22 мали докази дека го имате најдобриот дечко на светот

Зошто да не му го признаете тоа?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар