Најопасната секс поза: На овој начин можете да го скршите неговиот пенис
Една неодамнешна студија спроведена од Универзитетот во Бразил ни открива дека секс позата каде што жената е одозгора може да биде многу опасна за мажот. Истражувачите ги набљудувале само повредите на мажите за време на сексот, па затоа и не станува збор за целосна студија. Но, сепак таа ни покажува неколку интересни сознанија.
Истражувачите откриле дека околу 50% од мажите кои пријавиле повреда, ја здобиле истата за време на позата каде што партнерката е одозгора. Од друга страна пак, хомосексуалците имале значително помал процент на повреди за време на сексот, додека пак неколкумина од нив биле сериозно повредени за време на мастурбација.
Кучешката поза и онаа каде што мажот е одозгора се другите две секс пози кои создаваат повреди. Околу 28% од повредите биле настанати на овој начин. Но, пред да се одлучите да престанете да практикувате некоја од овие пози, имајте на ум дека повредите на пенисот се исклучително ретки.
Иако секс позата во која жената е одозгора делува опасно, сепак таа не е толку страшна бидејќи повредите се случуваат толку ретко што сè уште не постојат официјални статистки. Во текот на 13-те години додека оваа студија траела само 100 мажи пријавиле повреда, па слободно продолжете со оние пози кои ви предизвикуваат најголемо задоволство.