Целосен водич за правилно шминкање на очите

Сподели

Сенки за очи, моливи за очи, четкички во разни форми и големини… Шминкањето на очите не е лесна работа. Ако имате тешкотии при совладувањето на сите тие прекрасни, но и комплицирани туторијали кои ги гледате на интернет, тогаш погледнете го овој водич кој ќе ви покаже како правилно да го нашминкате секој дел од очите.

Реклама

rn

1. Очен капак

rnОбично вашите преферирани сенки за очи одат на вашиот капак, но може да бидете малку креативни и на овој дел да го употребите и моливот за очи. Некои луѓе имаат поголеми капаци, додека други скоро како да ги немаат – ова варира од личност до личност.rn

2. Бразди на очниот капак

rnПомеѓу вашата аркада и очниот капак употребувајте потемни бои на сенки за очи, за да им додадете димензија на очите. Совет: Ако имате вишок кожа кај аркадата поради што вашите очни капаци изгледаат помали, играјте со нанесување на сенката на различни позиции во овој дел за да направите илузија дека имате подлабоки очи. Отворајте ги очите во текот на целиот процес на шминкањето за да дознаете која позиција најмногу ви одговара.rn

3. Надворешно „V“

rnНајоддалечениот агол од окото е делот каде оди моливот за очи или најтемните бои на сенките за очи, кои вообичаено се нанесуваат во „V“ форма, но можете да направите и полукружна „C“ форма за понежен ефект.rn

4. Горна линија на трепките

rnВеднаш покрај линијата на трепките и малку над неа, е делот каде ставате молив за очи и маскара, за да го дефинирате окото.rn

5. Водна линија на окото

rnВнатрешниот долен раб на окото е делот каде се нанесува или темен молив за очи за да додадете драматичен ефект или бел молив за очи, за визуелно да ги зголемите очите и да го „разбудите“ целиот изглед.rn

6. Долна линија на трепките

rnВеднаш под водната линија, каде што започнуваат долните трепки, е делот каде може да ставите кафеав молив за очи или потемни нијанси на сенки за очи, за да ја истакнете нивната боја.rn

7. Солзен канал

rnОва е внатрешниот агол на окото, каде се нанесува малку бледа или светликава сенка за очи, за да го отворите окото.

Популарно

Може ќе ве интересира