Сè уште не сте ја украсиле новогодишната елка и немате инспирација на кој начин да го направите тоа? Ако одењето во маркет пред празниците за вас е мачење и сакате да ги избегнете гужвите, но и да заштедите, одлична идеја е сами, со помош на ножички и хартија, да изработите оригинални украси за вашата елка. Заборавете на стандардното украсување како што се светликавите сијалички, лампионите и украсите со Дедо Мраз, снегулки и ирваси, туку украсете ја елката со оригами во облик на дијамант. Вашата елка ќе изгледа богато, раскошно, но и ќе заштедите. Ќе добиете прекрасен украс, и тоа бесплатно.rnrn
rnrnЧекор 1: Изберете хартија во бела боја во облик на квадрат.rnrn
rnrnЧекор 2: Потоа превиткајте го како триаголник (како што е покажано на фотографијата).rnrn
rnrnЧекор 3: Расклопете го листот и повторно склопете го на другата страна од агол до агол.rnrn
rnrnЧекор 4: Потоа расклопете го листот за да добиете облик како на фотографијата.rnrn
rnrnЧекор 5: Следниот чекор е да го свиткате листот од дното кон врвот.rnrn
rnrnЧекор 6: Потоа листот свиткајте го наопачки, односно обратно од претходниот пат.rnrn
rnrnЧекор 7: Потоа расклопете го листот за да добиете облик како на фотографијата.rnrn
rnrnЧекор 8: Нежно свиткајте го листот навнатре.rnrn
rnrnЧекор 9: Започнете да го виткате листот на начинот кој е прикажан на фотографијата.rnrn
rnrnЧекор 10: Завртете го листот за 180 степени и виткајте го од страна. Кога ќе завршете со виткањето, исечете го горниот дел.rnrn
rnrnЧекор 11: Сега доаѓа малку потешкиот дел. Поставете го листот така што да се отвора накај вас и отворајќи го по малку (од левата страна), соберете го на десната страна. Притиснете го преклопот на врвот и свртете го налево.rnrn
rnrnЧекор 12: Истата работа направете ја и од десната страна.rnrn
rnrnЧекор 13: Потоа виткајте ги ќошевите на листот.rnrn
rnrnЧекор 14: Следното нешто што треба да го направите е да го размотате листот.rnrn
rnrnЧекор 15: Завиткајте ги ќошовите навнатре. Истото направете го и со другата половина за да добиете облик на дијамант.rnrn
rnrnЧекор 16: Ставете малку лепак на аглите и нежно притиснете ја едната половина на дијамантот на другата.rnrn
rnrnПостапката е готова. Наместо бела хартија можете да користите и во боја, а за да биде украсот што поефективен украсете го со светки, спреј или испишете некоја порака, омилениот стих или нацртајте нешто.rnrn

Уникатно, посебно, оригинално: Направете сами оригами украси во облик на дијамант
