Овој текст потполно ќе го промени начинот на којшто ја користите пресата за коса
Доколку имате преса за коса, тогаш воопшто не треба да се грижите како ќе изгледа вашата коса за време на посебните прилики, бидејќи со овие чудни техники ќе добиете сè што ви е потребно. Освен тоа што пресата за коса може да ви помогне вашата коса да биде потполно права, со нејзе можете да направите и многу други, гламурозни фризури и тоа без некој поголем труд. Погледнете кои фризури можете да ги направите со нејзина помош.
1. Права коса
За да имате потполно сјајна права коса, не мора да го поминете секој прамен по 1.000 пати. Најнапред, поделете ја вашата коса на два дела и започнете со долниот дел. Пред да започнете да ја исправувате, задолжително нанесете средство за заштита на косата од топлина, но и средство за третирање на краевите на косата, кое ќе придонесе таа да изгледа убаво и сјајно по исправувањето. Многу е важно вашата коса да не биде влажна во текот на процесот, па ако е потребно, исушете ја со фен.
За потполно да ја исправите вашата коса, со раката издвојте дел од косата, а потоа поминете со пресата од коренот, па сè до краевите, но со лесни движења. На тој начин ќе биде доволно само еднаш да ја испеглате за таа да биде потполно права, без поголеми оштетувања. Кога ќе ја исправите косата, никако не поминувајте со прстите низ неа, бидејќи така само ќе ја разбушавите и таа нема да остане сосема права.