КАФЕ ПАУЗА

„Лажна“ Шварцвалд торта за која не треба печење!

Лажна Schwarzwald торта за која не треба печење!

Едно од најпопуларните пекарски задоволства кое е на многумина омилено е познатата Шварцвалд торта, во чија авантуристичка подготовка почетниците не се осмелуваат да учествуваат. Но, дека класичната комбинација на вишни, чоколадо и крем од слатка павлака може да биде многу поедноставна за правење, а сепак вкусна, го докажува рецептот за варијантата на познатата торта која не бара ниту печење.rnrnЛажна Schwarzwald торта за која не треба печење!rn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 500 г пишкоти
  • rn011

  • 425 г компот од вишни
  • rn011

  • ½ шолја џем од вишни
  • rn011

  • 250 мл изладено кафе
  • rn011

  • 900 мл слатка павлака за шлаг
  • rn011

  • 1 супена лажица шеќер
  • rn011

  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила/ванилин шеќер
  • rn011

  • 50 г рендано чоколадо за готвење
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rn

    rn011

  1. Исцедете ги вишните и зачувајте го сокот. Потоа, во него додадете го ладното кафе и добро промешајте.
  2. rn011

  3. Исцедените вишни исечкајте ги на ситни парчиња и помешајте ги со џемот додека не добиете хомогена смеса.
  4. rn011

  5. Во слатката павлака додадете една супена лажица шеќер и екстракт од ванила. Изматете додека не добиете цврст шлаг.
  6. rn011

  7. Подгответе го послужавникот во кој ќе ги редите состојките и кој ќе ви го собере во фрижидерот. Одвојте 6 пишкоти и секоја малку натопете ја во смесата од кафе и сируп. Потоа, ставете ја на послужавникот и повторете го процесот со преостанатите 5 пишкоти, редејќи ги една до друга.
  8. rn011

  9. На пишкотите, во тенок слој, ставете ја смесата од џем и вишни. Додадете ја изматената слатка павлака и повторете го истиот начин на редење додека не се потрошат пишкотите со кои ќе го завршите десертот.
  10. rn011

  11. Оставете ја тортата во фрижидерот 3 часа, а потоа премачкајте ја со остатокот од слатката павлака и обилно посипете ја со ренданото чоколадо за готвење.
  12. rn