Можеби не изгледа така, но секоја модна икона на почетокот го „кроела“ својот изглед чекор по чекор, за на крајот да стекне завидна репутација. И кога конечно успеала во тоа, се нашла пред уште поголем предизвик, бидејќи од неа се очекувало со секој свој изглед да ги импресионира останатите и да покаже совршена умешност во стилизирањето. За да бидат секогаш атрактивни, трендсетерките се служат со најразлични трикови, а ние ви пренесуваме 10 одлични идеи со чија помош лесно ќе можете да внесете новини во својот изглед.
1. Ставете црвен кармин – Ова е едноставен трик, познат уште од минатото и дава одлични резултати.
2. Комбинирајте обувки и чорапи – Овој тренд владее неколку години, а доколку не сте доволно храбри да си поигрувате со смел микс од бои, изберете црно-бела комбинација.
3. Променете го парфемот – Бидете храбри и одлучете се за појаки мирисни ноти. На овој начин ќе оставите впечаток каде и да се појавите.
4. Променете го обликот на веѓите – Неверојатно е колку веѓите влијаат на изгледот на нашето лице. Густите веѓи се моментален хит и претставуваат одличен начин да го надградите вашиот изглед.
5. Интензивен маникир – Ноктите во темни нијанси секогаш може да внесат голема промена во вашиот целокупен изглед.
6. Носете шешири – Ова модно парче има пресудно влијание врз целокупниот изглед.
7. Аксесоари – Кога немате идеја што да облечете, најдобар избор е некоја монохроматска дневна комбинација која можете да ја надополните со интересни аксесоари.
8. Шал + каиш – XXL шал префрлен околу вратот во комбинација со каиш е одлично решение за ултимативен изглед.
9. Правете слоевити комбинации – Слободно комбинирајте облека во различни бои и текстури, бидејќи модата е забавна.
10. Променете ја фризурата или бојата на косата – Ако не сте расположени за промени во стајлингот, новата фризура е секогаш добар избор.

