10-те најдобри фризури за почетокот на новата година

10-те најдобри фризури за почетокот на новата година

Без разлика дали сакате целосна трансформација или само блага промена, декември е совршеното време да го изведете тоа. Не само што во новата година ќе влезете со нови одлуки и планови, туку вие ќе почнете и со сосема нова фризура. Одличен почеток, зар не? Погледнете ги следниве 10 познати ѕвезди кои исто така решиле да ја дочекаат новата 2016-та година со нов изглед. Нека тие бидат вашата инспирација за промени…

Дакота Џонсон

(1) 10-те најдобри фризури за почетокот на новата година

Бушавата коса со шишки која е малку осветлена е одлична за оние дами кои немаат време постојано да се фенираат и не сакаат секое влакно да биде на своето место.

Рејчел Мекадамс

(2) 10-те најдобри фризури за почетокот на новата година

Кратката боб фризура со степени која се движи по линијата на лицето е одлично освежување за оние дами кои долго време имале едноставна фризура.

Алесандра Амброзио

(3) 10-те најдобри фризури за почетокот на новата година

Оваа убавица пријатно ги изненадила сите со својата нова фризура која може добро да стои на скоро секој вид лице. Наш предлог е да не ја исправувате, туку да ја оставите да биде немирна.

Џорџија Меј Џегер

(4) 10-те најдобри фризури за почетокот на новата година

Доколку сте љубители на долгата коса, погледнете го примерот на оваа прекрасна манекенка која ги тргнала шишките на страна, а својата коса ја пуштила слободна да паѓа врз нејзините рамена.

Сијара

(5) 10-те најдобри фризури за почетокот на новата година

Здравата и сјајна коса постојано е во мода, па доколку сте од оние дами кои не сакаат големи промени, тогаш само скратете ги расцветените врвови и исфенирајте ја вашата коса.

Хана Бен Абдеслем

(6) 10-те најдобри фризури за почетокот на новата година

Сакате голема промена за вашата рамна коса? Оваа модерна боб фрузура со шишки е најдобар избор за вас. Таа не само што ќе привлече внимание, туку и ќе ве подмлади и освежи.

Гвинет Палтроу

(7) 10-те најдобри фризури за почетокот на новата година

Гвинет не сака изненадувања и големи промени, но таа секогаш има чиста, сјајна, уредна и класична фризура која одговара за сите пригоди.

Кери Малиган

(8) 10-те најдобри фризури за почетокот на новата година

Оваа фризура е многу женствена и модерна, па затоа и не постои ниту една причина зошто да не ја дочекате новата година со неа.

Џенифер Лоренс

(9) 10-те најдобри фризури за почетокот на новата година

Ова е можеби најдобриот изглед на младата актерка, која е секогаш во чекор со најпопуларните трендови.

Миранда Кер

(10) 10-те најдобри фризури за почетокот на новата година

Уште една сјајна варијација на долгиот боб и уште еден одличен предлог за оние дами кои сакаат суптилни промени…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар