Совети, предлози и идеи за слоевито зимско облекување со стил

Совети, предлози и идеи за слоевито зимско облекување со стил

Слоевитото облекување е најмудрата препорака за ладните денови, но многу жени избегнуваат впечатливи слоевити комбинации, бидејќи не се сигурни дали изгледаат елегантно ако слоевите се гледаат. Уличната мода вели дека може да изгледате неуредно слоевито со стил, но овие модни комбинации не ја исклучуваат елеганцијата. Освен тоа, слоевитото облекување е практично – може да ги соблечете горните слоеви ако ви е премногу топло во просторијата во која моментално престојувате.

1. Кошула, елек, пуловер, џемпер

Совети, предлози и идеи за слоевито зимско облекување со стил

Сè што можете да облечете врз кошулата за да се гледаат ракавите, јаката, манжетните, претставува додатен топлотен слој и се вклопува во елегантниот или лежерен стил. Црно-белата комбинација е погодок без грешка, но може да комбинирате и нијанси од иста боја, да вклопувате пастелни варијанти или да изберете смели и ведри бои.

2. Фустан преку панталони

3-soveti-predlozi-i-idei-za-sloevito-esensko-oblekuvanje-so-stil-www.kafepauza.mk_

Тоа може да биде туника до над колена, но и фустан до колена или до половина на листовите, со шлиц или без. Инспирацијата побарајте во музичките спотови или комбинации од модните ревии. Високата мода може да се прилагоди и да биде практична.

3. Слоевити комбинации со шалови и пелерини

4-soveti-predlozi-i-idei-za-sloevito-esensko-oblekuvanje-so-stil-www.kafepauza.mk_

Ако вашата комбинација е смела и екстравагантна, тогаш сè треба да виси, да се гледа и да ѕирка. Шаловите, пончото и пелерините ја потполнуваат таа разиграна слика.

4. Трикотажа, волна и фармерки

5-soveti-predlozi-i-idei-za-sloevito-esensko-oblekuvanje-so-stil-www.kafepauza.mk_

Кежуал стилот подразбира трикотажа и волна, која се комбинира со фармерки. Сè е меко, растегливо, асиметрично и пријатно за носење. Џемперот може да се соблече и да се заврзе околу половината, а капата може да остане на главата иако не сте надвор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар