КАФЕ ПАУЗА

10 работи коишто никогаш не смеете да ги фрлате во WC школката

Иако звучи логично, ќе се изненадите што сè луѓето не треба да фрлаат во WC школката. За да заштедите пари, но и да ја заштитите природата, овде ви прикажуваме листа од 10 работи коишто никогаш не би требало да ги фрлате во WC школката.rnrn10 raboti koishto nikogash ne smeete da gi frlate vo WC shkolkata (1)rn

1. Конец за заби

rnКонецот за чистење заби не се разградува во водата и затоа може да ви направи проблем. Конецот може да остане во одводните цевки, а големата количина на конци може да се заплете и брзо да го затне одводот.rn

2. Масло

rnИако маслото е течно, на ниски температури тоа станува погусто и се таложи по цевките, особено по закривените. Со текот на времето отворот станува сè потесен и потесен, а резултатот од тоа сигурно ви е јасен.rn

3. Фластер

rnПовеќето фластери се направени од пластика којашто не е биоразградлива и токму поради тоа ја загадуваат околината, но исто така тие може да се заглават во цевките и да предизвикаат затнување на одводот.rn

4. Лекови

rnИако се растопуваат во вода, таблетите ја загадуваат водата, а пак канализациските филтри не можат таквите хемикалии да ги издвојат од отпадните води, па затоа бидете паметни и одговорни.rnrnrn

5. Влажни марамчиња

rnВлажните марамчиња не се од ист состав како хартиените. Тие не можат да се разградат, па може да останат во цевките и да предизвикаат затнување на одводот.rn

6. Хартиени крпи

rnИако се од хартија, баш како и тоалетната хартија, хартиените крпи се направени да траат, односно да не се распаѓаат толку лесно. Баш затоа тие се едни од најбрзите и најчестите предизвикувачи на затнат одвод.rn

7. Хигиенски влошки и тампони

rnПостои многу добра причина зошто на вратите на тоалетите во рестораните стои натпис „Тампоните и влошките фрлајте ги во кантата за ѓубре“. Овие хигиенски помагала можат да впијат голема количина течности поради што може да се прошират толку многу што би го затнале одводот.rn

8. Чепкалки за уши и памукчиња за чистење лице

rnОвие две хигиенски помагала не се биоразградливи и исто така може да се заглават во цевките, а памукот од течноста може да го зголеми својот волумен за 3 до 5 пати. Доволно е да го знаете ова за да ги фрлате во кантата за ѓубре.rn

9. Отпушоци од цигари

rnФилтерот на цигарите е направен од сунѓерест материјал којшто ја впива влагата и го зголемува својот волумен, а и тој исто така не може да се разградува. Нека ова ви биде доволна причина никогаш повеќе отпушоците да не ги фрлате во WC школката.rnrn

10. Коса и влакна

rnИако доаѓа од нашето тело, тоа не значи дека местото им е во одводот. Влакната се тенки и не се разградуваат во водата, а повеќе влакна заедно лесно се заплеткуваат. Ова претставува еден од најчестите начини за затнување на одводот во едно домаќинство. Истото важи и за влакната од вашите домашни миленици.