3 видови пријателки со кои се исплати да одите на шопинг

Сподели

Многу жени обожаваат да купуваат сами бидејќи веруваат дека се најдобрите советници за себе. Но, шопингот во друштво има и добри страни, бидејќи одредени ваши пријателки можат да ви помогнат да дојдете до најдобрата и најекономичната одлука. Еве како…

Реклама

rn

1. Пријателка стилистка: Онаа чија гардероба ја сакате во вашиот шкаф

rnТаа е секогаш во тек со најновите трендови, но не ги прати слепо и го одбира само најдоброто од нив. Секогаш знае да направи одлична модна комбинација, без разлика на пригодата и нејзиниот стил е беспрекорен. Таа е најдобар избор за оние моменти кога не знаете точно што барате.rn

2. Одлучна пријателка: Онаа која е секогаш брутално искрена со вас

rnТаа без двоумење ќе ви каже како ќе ви стои секој вид облека која ќе ја пробате и ќе ви даде искрен совет дали треба да ја купите или не. Исто така ќе ве предупреди и на некое парче облека кое можеби вие не сте го ни виделе. Носете ја со себе кога ќе ви треба специфична модна комбинација.rn

3. Штедлива пријателка: Онаа која ќе ве спречи во импулсивното купување

rnТаа ќе ве спречи во вашата потрага на екстравагантни парчиња облека кои ги сакате во вашиот шкаф, но кои реално никогаш не би ги облекле. Исто така, таа секогаш знае кај се најдобрите попусти и брзо ќе ве насочи кон нив. Повикајте ја со вас кога ќе имате строго ограничен буџет.

Популарно

Може ќе ве интересира