Поучна приказна: Зошто сме сиромашни?
Голем дел од луѓето се толку фокусирани на материјалното, што воопшто не ги забележуваат сите оние нешта кои можат самите да ги понудат и кои понатаму можат да им донесат многу за возврат. Оваа кратка приказна нè учи точно што значи сиромаштвото и кои луѓе се навистина сиромашни.
Сиромав го прашал Буда: „Зошто сум толку сиромашен?“
Буда му одговорил: „Не си научил да даваш.“
Изненаден, сиромавиот повторно прашал: „Како можам да давам кога немам ништо?“
Буда смирено му објаснил: „Имаш неколку нешта. Лице со кое можеш да дадеш насмевка, уста со која можеш да дадеш мудрост и утеха на другите, срце кое можеш да го отвориш за другите, очи со кои можеш да го видиш доброто во луѓето, тело кое можеш да го употребиш за да помогнеш. Ти, всушност, воопшто не си сиромашен. Сиромашниот дух е вистинското сиромаштво.“